Оваа доша мошне лесно се раздразнува. Овој тип на лица се полни со оган, па секој стрес изнудува вулканска реакција и моментален дисбаланс. Оттука е мошне важно за пита дошата да го скроти оганот во телото. Оваа доша лесно заборава на можните последици и минатите искуства и честопати не внимава на нејзините зборови и дела во моментот на раздразливост.
Како да го олесните стресот:
Практикувајте пранајама техники на дишење (Ситали и Ситкари), не многу динамична јога.
Добар лек е да поминете повеќе време покрај: океан, река, езеро или море, за да ја изгаснете вашата огнена природа.
Јадете ориз, слатко овошје, краставица и друга разладувачка храна.
Свесноста за вашата доша ве учи не само да се справите туку и да препознаете кога нешто не е во ред со вашето тело. Останете во ритам, чувајте се себе и вашето тело!
Добри резултати се постигнуваат кога редовно се практикува Абјанга и се зема Јаштимаду /киселина во стомакот/, Нисамлаки /анти-алерген/, Авипатикара чурна /голема киселост, дигестивни проблеми/
Recent Comments