Добро е да се знае кои нешта влијаат на зголемување на стресот, едноставно да можеме свесно
да ги ублажиме и избегнуваме секојдневните стресни ситуации. Сакале или не, секој ден е полн
со стрес што не зависи од нас. Сепак, некои навидум наивни работи што самите ги правиме можат
да ни го направат денот уште постресен. Зошто да не ги избегнеме.
Неизбалансирана исхрана
Кога немаме време и се чувствуваме нервозни, наместо да си правиме здрава салата со
маслиново масло и авокадо, најчесто го менуваме оброкот со и чоколади, помфрит, пити, чипс,
кока-кола итн. Треба да знаеме дека она што го јадеме или не јадеме, значително влијае на
нашето општо физичко и ментално здравје. Затоа потребно е во такви моменти да консумираме
свежо овошје и зеленчук, да пиеме доволно количина вода, да користиме здрави масти
(маслиново масло наместо рафинирано сончогледово масло) и квалитетни протеини. Ако не
јадеме здрава храна нема да се чувствуваме најдобро; тоа не се случува веднаш, но со текот на
времето се акумулира и создава непотребен стрес на нашето тело. Намирници кои помагаат да
се намали стресот се оние кои се богати со омега 3 масни киселини – го намалуваат нивото на
хормонот на стрес (на пример, ленено семе) или магнезиум, кои придонесуваат за релаксација.
Оваа храна придонесува и за превенција од срцеви заболувања и депресија.
Премногу размислување
Кога нешто лошо ќе ни се случи размислуваме за тоа долго и опсесивно, тоа почнува да влијае
негативно врз нас и нè исцрпува. Истражувањата покажаа дека овој вид „размислување“ може да
предизвика бројни негативни психолошки ефекти, вклучително анксиозност, депресија,
посттрауматско стресно нарушување, прејадување и конзимирање алкохол итн.
Треба да се воочи разликата помеѓу обид за решавање на проблемот и постојано враќање на
нешто што не сме го направиле добро (на пример расправија со блиски луѓе, грешка на работа и
сл.). Секогаш неможе да бидеме непогрешливи и да сме во право. И да е така тоа не е ништо
непростиво и застрашувачко. Освен тоа, не можеме да го измениме минатото, единствент
ефективен став е свесно да се фокусираме на исправни делувања во сегашноста.
Како да си помогнеме?
Да ја балансираме исхраната, особено во овој период кога преовладува Вата дошпата. Да јадеме топла и чорбеста храна, убаво да го затоплуваме телото, а особено стапалата и главата и што поголем одмор. Секако редовната јога пракса и техниките за дишење да ни станат практика.
При длабок стрес и дизбаланс на телото ви препорачуваме редовна маслена ајурведска терапија Абјанга и Ашваганда.
Recent Comments