Редовното постење е извор на енергија

Постот поттикнува регенерација на матични клетки на оштетен и старечки имунолошки систем

„Пробајте го тоа една недела, само една недела и ќе видите подоцна“, вели 57-годишниот Мајкл Ван Алмшик, кој го прави тоа постење во клиниката Бучингер-Вилхелми на бреговите на езерото Констанц во близина на Швајцарија, еднаш во годината.

Терапевтскиот метод честопати се оспорува во медицинските кругови. Гладувањето е многу популарно во Германија, каде здравственото осигурување во некои случаи ги покрива трошоците за ваквите алтернативни методи.

Постот ги штити здравите клетки  од токсичните ефекти на хемотерапијата и ја промовира регенерацијата на матичните клетки на оштетениот, стар имунолошки систем.

Ото Бучингер (1878-1966), по кој е наречена и клиниката Бучингер-Вилхелми на бреговите на езерото Констанц во близина на Швајцарија, лекарот кој експериментирал со гладување за да излечи ревматоиден полиартритис, бил принуден да ја напушти функцијата како поморски лекар во 1917 година. Неговиот метод се прошири и е популарен во Германија.

Постот спречува кардиоваскуларни заболувања, помага во лекување на астма, артроза, хронични заболувања на дигестивниот систем, некои хронични респираторни инфекции или депресивни состојби, велат застапниците.

Сигурните научни студии за овој метод не се многубројни, но една во 1991 година, објавена во списанието Лансет 1991 година, се осврнува на ефектите од глад на ревматоиден артритис.

Делото „Пост за здравје и убавина“ на Хелмут Луетнер кој некогаш работел во клиниката Бучингер, е продадено во повеќе од два милиони примероци од објавувањето во 1970-тите.

Постот и гладувањето се учат во некои универзитетски центри, вклучувајќи ја и болницата Шарит во Берлин, од страна на професорот Андреас Михалсен кој го предводи одделот за природни методи на лекување. „Германците се малку опседнати со растенијата, органското земјоделство, вегетаријанството, јогата, здравиот живот“, вели Михалсен. Неговиот метод на постење трае 12 до 14 дневни постења. „Јадењето храна богата со калории во редовни интервали е новина во човечката еволуција“, објаснува тој.

Професорот од Калифорнија, Волтер Лонго, во 2008 година покажа дека гладта ги штити здравите клетки  од токсичните ефекти на хемотерапијата, што дополнително го зголемува интересот за гладување во Германија. Студиите исто така откриваат дека гладувањето промовира регенерација на матични клетки на оштетен имунолошки систем на возрасните.

На овој начин, телото е охрабрено да ги замени старите и оштетените клетки, објаснуваат американските научници кои спровеле истражување објавено во стручното списание „Cell Stem Cell“.

„Кога гладувате, вашето тело се обидува да заштеди енергија, а еден начин да заштедите енергија е да рециклирате многу клетки кои не се потребни, особено оние што би можеле да бидат оштетени“, рече професор на Универзитетот во Јужна Калифорнија и експерт за долговечност, Валтер Лонго.

Тимот под негово водство што го спроведе истражувањето дојде до следниот заклучок: дводневен до четиридневен пост, што се спроведува на секои 6 месеци, го присилува телото да се пренесе во т.н. фаза на преживување. Во оваа фаза, организмот ги празни складиштата за маснотии и шеќери и во исто време уништува стари и оштетени клетки.

„Кога целото тело е тешко оштетено од хемотерапија или самиот процес на стареење, постот може да создаде нов имунолошки систем “, објаснува професор Лонго.

Во текот на изминатиот четврт век, дијабетес, ревматизам, висок крвен притисок биле третирани со лекови кои се пласирале на пазарот, а потоа се повлечени поради штетни несакани ефекти, вели Михалсен, заклучувајќи дека „фреквенцијата на овие болести се зголемува како што старееме“ и „Јас сум апсолутно убеден дека за десет години, методите на гладување стануваат многу важни, едноставно затоа што традиционалната медицина нема одговор “.

По секако внимавајте според ајурведата постојат и некои рестрикции за одредени типови доши. Најдобро е пред да запоќнете со постењето да се консултирате со ајурведскиот доктор или тарапевтите.

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Зошто препорачуваме редовна употреба на ајурведските капки за нос!

Зошто препорачуваме редовна употреба на ајурведските капки за нос!

Знаеме дека со редовно и грижливо одржување и подмачкување на автомобилот, го доведуваме во одлична состојба. Истото се случува и со нашето тело. Повеќе грижа, подобро здравје. Дали редовно го одржуваме нашето тело, дали редовно го прочистуваме и подмачкуваме??...

Зошто треба да се практиукува медитација од најмали нозе

Зошто треба да се практиукува медитација од најмали нозе

  Медитацијата е тотална концентрација во сегашниот момент, фокусирана на самореализација, да си свесен за себе, да знаеш навистина кој си, да умееш да се исклучш од светот  и да се најдеш. Ако медитацијата во училиште стана предмет на изучување, децата ќе...

Кафа доша и справување со стресот

Кафа доша и справување со стресот

Оваа доша има најмали изгледи за раздразливост од сите три доши бидејќи ја карактеризираат смирена и приземјена природа и однесување. Сепак, кога тие се вознемирени и се под стрес, не ги споделуваат сопствените чувства и го таложат непријатното искуство. Сево ова...