Со добра дигестија до одлично здравје – совети од др.Авишек Мишра
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Со добра дигестија до одлично здравје – совети од др.Авишек Мишра

Со добра дигестија до одлично здравје – совети од др.Авишек Мишра

by | Aug 30, 2021 | 0 comments

Со добра дигестија до одлично здравје – совети од др.Авишек Мишра

Совети од доктор Авишек Мишра, ајурведски специјалист

Според Ајурведата, сите болести се јавуваат заради слабите дигестивни ензими или како што се нарекуваат во ајурведата – дигестивен оган, како и не можноста храната целосно да се разложи и правилно да се апсорбира во дигестивниот систем.

Дигестивниот оган е клучот за одржување на имунолошкиот систем, нашето здравје и енергијата. Кога дигестивниот оган не е добар, храната не може правилно да се вари и остатоците се претвораат во токсини, кои во ајурведата се нарекуваат Ама. Овие токсини се причина за многу болести, како што се проблеми со срцето, холестерол, дијабетес, метаболички нарушувања, дебелина, несакана маснотија, проблеми со црниот дроб и бубрезите итн., а се должат само на слабиот дигестивен оган. Исто така, кaка резултат на слабиот дигестивен оган, после јадење може да се јави надуеност во стомакот, киселост, одење често пати во тоалет, главоболка, замор, ментална иритација, итн. Може да се појават и автоимуни проблеми. Овие токсини се акумулираат и предизвикуваат силна болка, па може да се појави дури и ревматоиден артритис.
Дигестивен оган треба да се заштити или да се одржува здрав. Една од важните работи е да јадеме само кога чувствуваме глад. Храната што ја јадеме кога не сме гладни, создава токсини и предизвикува болести. Треба да се избегнува храна тешка за варење, преработена или рафинирана храна, како и ненавремено јадење. Треба да јадеме според движењата на сонцето. Сонцето е присутно во текот на денот и тогаш дигестивниот оган е најсилен, па тоа е периодот кога треба да конзумираме храна, но не и навечер. Овие мали промени ќе ви помогнат да го одржите балансот на дигестивниот оган. Избегнувајте да пиете вода непосредно пред и после јадење, избегнувајте ладна вода. Дозволено е да се пие малку вода само за време на оброкот. Пијте вода 30 минути по јадење.
Ако вашиот дигестивен оган е совршен, тогаш и вашето здравје ќе биде совршено.
При проблеми со дигестијата ви предлагаме редовно земање Харитаки и Трифала.

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...