Среќните луѓе не зборуваат лошо за другите

Еден од најистакнатите знаци на емоционална и витална сиромаштија на една личност е фактот дека тој своето време и внимание го посветува на критикување на другите.

Нема ништо полошо од тоа да гледате некоја личност да критикува и да се лути на сè што се движи. Да се ​​живее  во опкружување со ваков тип на луѓе, се чини многу тешко. Зборовите и ставовите на критичарите се како вируси што продираат во нашиот ум и го уништуваат.

Подобро е да се држите настрана од луѓето кои критикуваат затоа што нè затрупуваат и нè гушат. Да се ​​живее во мир е бесценето, затоа не дозволувајте некој да го нападне вашиот физички и психички простор.

Колку време трошите секој ден слушајќи критики од било кој за било што, а? Многу, многу, многу…. Време е да се оддалечите од овие типови луѓе и ситуации, затоа што тие ја загрозуваат вашата благосостојба и емоционална рамнотежа.

Поминете време да се подобрите себе си и околината. Ова ќе биде корисно од две причини: ќе одржите здрав став кон животот и ќе подучувате со свој пример.

Треба да се надминеме себеси и само на тој начин можеме да се здобиеме со многу љубов, смиреност, дарежливост и чесност.

Ние не сме совршени и не смееме ни да глумиме совршенство, но важно е да се одржи став за континуирано подобрување. На овој начин, ќе можеме да ги живееме нашите животи без да се подклекнеме на влијанијата и емотивните состојби на другите.

Најнесреќни  луѓе на светот се оние кои премногу се грижат за мислењето на другите луѓе.

Постојат луѓе кои „ се грижат„ и даваат свое мислења за нас, нашите животи, нашите одлуки или што било што нè засега. Тие го прават ова и покрај тоа што никој не ги прашува за  мислење. Обично, ова се негативни мислења, мислења без критериуми и нивната единствена цел е да ги повредат, да презираат и се хранат со страдањата на другите. Безцелно. Тие се луѓе со ниска самодоверба, луѓе кои не се прифаќаат себеси и тешко можат да ги прифатат другите. Тие им припишуваат на другите етикети што рефлектираат како се чувствуваат, екстернизирајќи ги нивните емоционални тешкотии.

Не обрнувајте внимание на работите што другите ги прават или не ги прават, обрнете внимание на она што го правите или не правите – Буда

Започнете да ги лекувате вашите емотивни рани, запомнувајќи дека секој од вас е уникатен и извонреден. Не ви е потребно да бидете птифатени за да се чувствуваме живи. Вие сте возрасни и самоуверено можете сами да донесуваат одлуки, имате целосен авторитет.

Дајте им вредност на вашите чувства и емоции, не плашете се да ги слушате мислите на другите, размислете за себе. Постојано слушање на критики и озборувања задушува сè, важно е да не говориме со критицизам и да не говориме со негативна емоција и омраза за другите.

Запомнете дека неоправданата критика ја симболизира  емоционалната сиромаштија на лицето што ја дава критиката. Ако имаме до нас личност која ке одлучи да не се збогати себеси ментално, да живее во изолација,  во тешко искушение и да не прифати никаква помош, тогаш подобро е да бидете емотивно себични и да се засолните од таа личност, да се свртите кон позитивните и добронамерни луѓе и на крај да се свртите кон себе.

 

Written by Ayurveda

March 1, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и...