Храбростa ги лекува телото, умот и душата
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Храбростa ги лекува телото, умот и душата

Храбростa ги лекува телото, умот и душата

by | Nov 12, 2020 | 0 comments

 

Знаеме дека прекумерниот страв може да доведе до бројни болести, вклучувајќи ги сериозните
болести како на пример карцином.
Но, ова не важи за луѓето кои стравот го доживуваат како свој сојузник и учител, вели др.
Лиса Ранкин. – Во овој случај, во телото се создава поинаква реакција во однос на стравот.
Клучот не е во тоа да чувствуваме страв, природно е да имаме страв, тоа е прифакање на
нештото. Проблемот се појавува во тоа како го доживуваме, тогаш проблемот со стравот расте и
ни е непријател. Се создава цела драма. Така, луѓето кои покрај тоа што се изложени на стрес,
веруваат и дека овој стрес штетно влијае на нивното здравје, многу почесто се разболуваат.
Како илустрација на ова, др. Ранкин го цитира случајот на една пациентка која отсекогаш
стравувала од рак, болници и лекување. Направила сè за да не се разболи сериозно – земала
витамин Д, носела крема за сончање, јадела здрава храна. По извесен период таа добива
карцином, што значи: Стравот си го стори своето- заклучила и самата – ова самата си го
произведов, ова ми е од чист страв, бев преплашена. За време на лекувањето, таа морала да се
соочи со своите најдлабоки стравови. На крајот таа го прифатила стравот како сојузник. И тоа
доведе до нејзино конечно заздравување.
Патот до храброста започнува со промена на начинот на размислување
Нашите лажни стравови се родени од нашите мисли и размислувања, и тие се јавуваат затоа што
веруваме во митовите, односно во заблудите на нашата западна цивилизација.
Ова се четирите најчести претпоставки, кои предизвикуваат страв кај луѓето и носат огромно
страдање:
– Не можам да живеам во неизвесност
– Не можам да поднесам да изгубам нешто што го сакам
– Животот е тежок
– Јас сум потполно сам
Д-р Ранкин предлага да се заменат овие четири претпоставки за страв со овие четири вистини
претпоставки кои ќе ја развијат храброста во нас.
– Неизвесноста е пат на нови можности
– Загубата е природна и секогаш не води кон себе спознание и духовен раст
– Универзумот има добра намера за нас
– Сите сме едно
– Сигурноста е илузија, затоа не барај ја на овој свет
Кога ја прифаќаме неизвесноста, тогаш истата неизвесност ќе почнеме да ја доживуваме со без
страв.
Разбирањето дека загубата е честопати неизбежна може да ни помогне да се отвориме кон нови
искуства кои ке ни дадат нова димензија во нашиот духовен раст.
Кога ќе сфатиме дека низ овој живот ние сме на најниско ниво и дека сето ова е игра на некоја
повисока интелигенција, тогаш ќе сфатиме дека сè се случува со причина, иако причината можеби
не ни е позната во тој момент.
Затоа, откако ќе сфатиме дека сите сме дел од голема и нераскинлива мрежа наречена – живот и
кога ќе ги отфрлите воспоставените стравови, веќе нема да се чувствуваме осамено и туку
напротив, ке се чувствуваме „свои„.

 

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...