Шеа путер за помлада и поубава кожа
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Шеа путер за помлада и поубава кожа

Шеа путер за помлада и поубава кожа

by | Jun 1, 2020 | 0 comments

Шеа путерот се добива од плодовите на шеа дрво кое природно расте во Африка во зоната помеѓу Нил и Сенегал. Плодовите од него се уште се собираат рачно во месеците март и април, се сушат и рачно се толчат со цел да се добие чист и природен производ односно шеа путерот. Овој путер содржи состојки кои одлично ја оддржуваат еластичноста на кожата и е богат со витамините А, Б, Е, Ф. Самото дрво се нарекува “дрво на здравје и младоста“ токму поради тоа што шеа путерот придонесува за помлада, поздрава и поубава кожа.

Африканските жени кои се познати по меката, свиленкаста и мазна кожа, со генерации го употребуваат овој путер како единствена состојка за нега на кожата, не само за да ја оддржат кожата поеластична, туку и за да ги намалат штетните ефекти на сончевите зраци. И навистина скоро сите органски креми за заштита од сонцето покрај физичките филтри обавезно употребуваат и шеа путер токму поради оваа причина.

Шеа путерот спаѓа во некомедогени масла, поточно путери, не ги запушува порите и затоа може да се употребува и за нега на кожата на лицето.

Придобивки од ШИ/ШЕА путерот:

  • Ја омекнува и хидратира кожата и спречува нејзино пукање (особено во зимскиот период, во летниот период штити од негативните UV зраци)
  • Ги намалува иритираноста и црвенилото на кожата
  • Ја смирува кожата при изгореници
  • Ја враќа еластичноста на кожата
  • Спречува појава на акни, брчки и стрии
  • Помага при обновување на кожата и отстранување на флеки
  • Помага против перутање на кожата
  • Oдличен е и за нега на суви и испукани пети
  • Помага при осетлива кожа, егзема и дерматитис
  • За нега на косата ( како маска / за суви и испукани врвови)
  • Мажите можат да го користат како крема за после бричење.

Шеа путерот е една од најзастапените состојки во нашите производи. Можете да го најдете во Ајурведскиот органски балсам со додаток масло од коноп, ајурведскиот путер за лице и тело со додаток на масло од коноп, ајурведскиот путер за лице и тело, ајурведскиот сапун за нега на лице и тело, природниот дезодоранс за под пазуви, балсамот за брада со мирис на портокал, балсамот за брада со мирис на ванила, кремата за нега на раце со лаванда и ванилалабелото за усни, сапунот за брада и лице со мирис на портокал и сапунот за брада и лице со мирис на ванила.

Не двоумете се, нарачајте веднаш некој од нашите производи и искусете ги огромните придобивки на овој прекрасен природен путер.

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...