Кичари – ајурведска храна за подобра меморија
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Кичари – ајурведска храна за подобра меморија

Кичари – ајурведска храна за подобра меморија

by | Jan 7, 2021 | 0 comments

Нарушувањата на меморијата често се резултат на несоодветно снабдување на мозокот со хранливи материи. Меморијата често ослабува со возраста. Алкохолот ги уништува мозочните клетки и затоа губењето на меморијата е многу честа појава кај алкохоличарите. Покрај злоупотребата со алкохол, супстанците како ЛСД, марихуана и кокаин можат да предизвикаат нарушувања на меморијата, што може да го оштети мозочното ткиво и да влијае на меморијата.
Според Ајурведата, повеќето нарушувања на меморијата се предизвикани или од стагнација на Кафа дошата (енергија на вода во телото) или од дизбаланс на Вата  доша (енергија на воздухот), затоа, за да се подобри меморијата, потребно е да се намалат или балансираат вата и кафа дошата. Што се однесува до Пита доша (енергијата на огнот во телото), таа е остра и продорна, поттикнува добра меморија.
Следните упатства ќе ви помогнат да ја подобрите вашата меморија и да се ослободите од заборавањето.

Кичари

Кичари е едноставно, ајурведско хранливо јадење направено од ориз и излупен мунг дал, со малку зачин додаден по вкус. Петдневен пост на кичари со мала количина зеленило од коријандер и магдонос го чисти телото и ја подобрува меморијата.
Еден од рецептите за кичари
потребно е:
1 чаша ориз локален или басмати
1 чаша мунг гравче  (вид на мешункаст зеленчук) или локален цацар, ако немате соодветно гравче, можете да го замените со грашок, ако е изртен е подобро. Потопете го грашокот преку ноќ или подолго додека не из’рти, а потоа измијте темелно.
1 мал грст лисја од коријандер или магдонос сецкани
6 чаши вода
Исплакнете го оризот и гравот неколку пати во многу вода. Ако имате време, натопете ги зрната неколку часа, тоа ќе ја подобри апсорпцијата.
Ставете ориз, грав и коријандер и магдонос во тенџере, прелијте со топла вода, оставете да зоврие и оставете да врие 5 минути без капак, мешајќи повремено.
Намалете ја топлината, покријте го тенџерето малку подотворено и вриејте околу 25 до 30 минути додека не омекне. Ставете малку ги (стопен путер) врз кичарито пред сервирање.

Подобрете ја меморијата со редовно земање Брами и редовно практикување на Широдара

 

Добар апетит 🙂

Brahmi

Широдара

0 Comments

Trackbacks/Pingbacks

  1. Ајурведска диета за февруари - Ayurveda - […] Закиселениот лук е уште еден одличен додаток во вашето мени, и еден начин да добиете и киселост и острина.…
  2. Што да јадете пред и практикувате пред и по вакцината КОВИД-19 - Ayurveda - […] и го зголемува имунитетот. Имајте лесен појадок Кичари или некоја овесна каша со многу […]
  3. Што да јадете и практикувате пред и по вакцината КОВИД-19 - Ayurveda - […] и го зголемува имунитетот. Имајте лесен појадок Кичари или некоја овесна каша со многу […]
  4. Ајурведски препораки за здрава коса - Ayurveda - […] во вашата исхрана секој ден: како никулци, во супа, кичиди (со […]

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...