Ајурведски мелем за проблематична кожа

Основната намена на овој производ е спречување и отстранување на грубите делови на кожата на пети, лакт и колена, кој проблем го решава и после само неколку нанесувања. Се нанесува на влажна кожа во мала количина.

Овој мелем посебно е ефикасен за рани и испукани пети. Пожелно е да се комбинира со нашето Multy масло.

Богатиот состав на регенеративнисостојки го прави овој мелем универзален.

Медот со кој што сме секојдневно опкружени, а се води како еден од најстарите лекови во медицината дава многу добри резултати при третирање на рани на кожата. Антибактериското својство на медот не само што ја чисти раната од постоечките инфекции, туку и ја штити од дополнителни инфекции. Противвоспалителната активност која ја има во себе го намалува едемот и ја минимализира раната, а стимулира раст на гранулација и епително ткиво со што го забрзува лечењето. Затоа оваа состојка можете да ја најдете скоро во сите наши производи.

Овој мелем можете да го користите за: акни и мозолчиња, брадавици на сите делови на телото, посебно за оние ситните во боја на кожата и најдобро е да се користи во комбинација со нашето масло за вирусни брадавици, кај лечење на херпес, испукани и разранети усни, курје око во комбинација со нашето масло за нокти, непријатен мирис на стапалата, изгореници на кожата (во комбинација со нашето Multy масло), папилома на усните поготово кај деца, рани, различни кожни промени и заболувања како што се егзема, псоријаза ( во комбинација со нашето масло против егзема и псоријаза и само во овој случај кремата се нанесува на сува кожа), еритема, флеки на кожата, запира мало крварење, идеален производ е за после депилација посебно за интимните делови,  и многу други проблеми на кожата.

Мелемот останува на кожата како заштитен филм.

Пакување: 330мл

Шифра: 1079

ТЕЛЕФОН

СЛЕДЕТЕ НÉ