Ајурведски бар сапун за природна нега на лице и тело
Никогаш порано не се говорело за хигиената. Меѓутоа хигиената не е важна само за заштита од корона вирусот, таа е важна и за имунитетот.Од посебно значење е редовното миење на рацете, лицето и телото со сапун и вода. Ајурведата вели: „не ставај го на себе она што не можеш да го јадеш“. Нашето тело и кожа се уморни и затруени од хемиските производи кои секојдневно ги користиме.
Ајурведскиот сапун е ослободен од секакви хемикалии кои се исклучително штетни за кожата. Повеќето ајурведски сапуни се прават во бар форма кои во себе содржат природни лековити состојки. Погоден е за употреба на сите видови доши според ајурведата. Длабински ги исцелуваат проблемите со кожата како што се: акни, црвенила, егзема,лишаи, дермати, првут, зајакнување на сјајот и многу други здравствени проблеми накожата и скалпот. Овој сапун се користи за нега на целото тело и коса. Толку е благ и исцелителен што може да го користат и деца, а се користи и за најинтимните делови на телото.
Употребата на билните ладно цедените масла длабоко ја хранат кожата и ја хидрираат, додека маслото од лимон длабоко ја чисти и детоксицира кожата. Овие сапуни длабински ги отстрануваат флеките и пигментацијата на кожата, ја намалуваат сувоста на кожата и даваат дополнителен блескав сјај на кожата. Редовнота употреба ќе ја нахрани кожата и ќе нема потреба од дополнителна употреба на креми на кожата.
Има антисептички својства и природно заштитува од ултравиолетовите зраци. Помага од појава на осипи и при одржување на хидрирана и ревитализира кожа. Бадемовото масло ја релаксира и подмладува кожата, ја прави мазна и еластична. Ним маслото има анти-бактериски и лековити својства, кои помагаат за намалување на флеките и ги решава проблемите со акните. Шафранот се користи за убавина на кожата. Освен овие состојки кои ги има во нашиот сапун тој содржи и сусамово масло, маслиново масло, ги путер,трифала, куркума, лаванда, мента, јинг јанг, портокал, ванила.
Тежина +- 110грама
Шифра: 1004