Ајурведски чај за дигестија

Оваа мешавина од ајурведски чај е противотров за прекумерно јадење, болен, нервозен стомак.
Нашиот чај од ким, коријандер, ленено семе, анасон и суво грозје е традиционален ајурвески чај кој се користи во оваа медицина со векови. Тоа е традиционална ајурведска мешавина од чај создадена да ги смири дигестивните проблеми и да поттикне многу нежна детоксикација.
Овој ајурведски чај е наменет за секого и одговара на сите типови. Во Ајурведата, постојат три типови – Вата, Пита и Кафа, колективно познати како три доши. Ако не знаете која е вашата доша, тогаш направете го нашиот квиз за да дознаете. Дошите можат да бидат неурамнотежени понекогаш и затоа ни е потребен чај кој лесно, брзо и ефикасно ќе ги урамнотежува.
Кимот е  солен, лут, врел и ја смирува Вата и Кафа дошата.
Коријандер е: горчлив, сув, ладен и ја намалува Пита доашата (ја балансира топлината од кимот)
Анасонот е: сладок, навлажнувачки, лади и ја намалува Пита дошата (ја балансира топлината од кимот)
Чаша исполнета со ајурведски дигестивен чај има голем број придобивки за варењето на храната. Сите три зачини се сметаат за добри како карминативи и стимуланси за варење. Во ајурведската медицина, ова трио се користи за нежно да го разгори вашиот дигестивен оган, наречен агни, иако да не биде толку стимулирачки за да прегрее. Кога дигестивниот оган е здрав, телото е во состојба подобро да ги апсорбира и искористува хранливите материи од храната и ефикасно да ја разгради амата, или насобраните токсини. Овој чај ја олеснува надуеноста. Ги намалува гасовите. Смирува грчеви во цревата и брзо ја олеснува болката во стомакот. Го стимулира апетитот. Олеснува од гадење и повраќање Дополнително, ова трио зачини има и пошироки придобивки, надвор од дигестивниот систем. Го поттикнува протокот на мајчино млеко кај доилки. Понатаму – кимот е извор на железо, минерал со голема побарувачка за време на лактацијата. Се користи локално за лекување на конјунктивитис. Смирува грчеви во менструалниот циклус. Го подржува респираторното здравје (делува на опуштање на бронхиолите и отворање на дишните патишта затоа и најдобро е да се користи како прав наместо цели зачини) Помага да се балансира гликозата во крвта. Го стимулира лимфниот проток. Намалува воспаленија. Поттикнува менталната јасност.
И што е најважно многу е вкусен.

Во 250мл топла вода, ставете 1/2 кафена лажичка од чајот за дигестија, оставете најмалку 5 минути а потоа уживајте во вашиот чај.
Слободно можете да ги изедете и зачините кои ќе останат во шолјата.

Препорачана доза една шоља чај два пати на ден.

Грамажа: +/- 110гр

Шифра: 1056

ТЕЛЕФОН

СЛЕДЕТЕ НÉ