Ајурведско масло за жабуркање

Ајурведата препорачува неколку методи за чистење на телото од ама, а еден од нив е жабуркање на масло во устата.

Овој метод за отстранувањето на токсичните материи (ама) од телото се постигнува со дневно жабуркање лековито масло во усната шуплина.

После тоа, не треба да го проголтате маслото, туку треба да го плукнете, а потоа добро да ја исплакнете устата.

Таквата постапка му овозможува на телото да се избори против секоја болест, без никакви несакани ефекти и вообичаени нуспојави по употреба на јаки лекови.

Како да се жабурка маслото?
Терапијата со масло се изведува исклучиво со ладно цедени и нерафинирани лековити масла.
Исто така, заради зголемено исцелително дејство, на нашето масло му додадовме специјално селектирани масла и ајурведски суплементи со цел да ја зголемиме неговата исцелителна моќ.

Секогаш терапијата изведувајте ја на празен стомак со тоа што ќе земете една лажица масло во устата, а потоа полека ќе жабуркате наизменично низ устата околу 15 до 20 минути.

Бидејќи маслото апсорбира штетни материи и токсини за време на овој процес, не смеете да го голтате.
Спречете го поривот да голтате со кратко запирање на жабуркањето на маслото, земете длабок здив преку носот или „суво“ голтање, чувајќи ја содржината во предиот дел на вашата уста.
За време на жабуркањето, ќе се произведе многу плунка, така што вкупната содржина во усната шуплина ќе се зголеми. Ако е премногу, можете да го исплукате вишокот.

Во секој случај, исплукајте ја содржината по 15 или 20 минути.

Каде се помага жабуркањето?
Овој метод се покажува ефикасен во пракса во борбата против голем број на болести и заболувања, како што се:
превенција од заболувања
главоболки
забоболка
хроничен замор
несоница
астма
егзема
заболувања на белите дробови
артритис
цревни и гастрични заболувања
заболувања на бубрезите, црниот дроб и срцето
хронични заболувања на крвта
женски заболувања
И многу други посериозни заболувања…
Според лекарите, ајурведската гаргарата со масло е одлично решение при: тромбоза, артроза, парализа, чир на желудник, женски заболувања, но и проблеми од кои секој ден страда секоја просечна личност, како што се главоболки или можеби забоболка и бронхитис. Понатаму, методот е одличен за тумори, грчеви и нервни заболувања, а е добар сојузник при воспаление на мозокот и разни болести на крвта.

Меѓу другото, маслената терапија ги избелува и зајакнува забите, запира крварењето од непцата и помага при парадентоза.

Тајната на ефективноста на овој метод е дека при жабуркањето шест литри крв протекува низ плунковните жлезди и на овој начин телото се ослободува од штетните материи.

Едноставно кажано, со помош на жабуркањето ќе ги исфрлиме токсини надвор од телото.

Покрај лекувањето, терапијата со масло се препорачува превентивно да се користи, затоа што го зајакнува имунолошкиот систем и спречува многу болести.

Се верува дека маслото се сврзува за плунката после две и пол минути, влегува во крвта по четири и пол минути, а по десет минути ги отстранува штетните материи од телото преку плунковните жлезди.

После жабуркањето, исплуканото масло мора да биде белузлаво и ретко и ако остане жолто и густо, не сте го жабуркале доволно.

По жабуркањето, исплакнете ја усната шуплина со топла вода и четкајте ги забите. Ако сакате, исплакнете ја устата со солена вода или чај од пелин, за да го отстраните непријатниот вкус.

За превенција, маслото е доволно да се жабурка еднаш дневно, по можност наутро, на празен стомак. За терапевтски цели, изведете ја постапката три пати на ден, пред јадење.

Времетраење на терапијата?
Времетраењето на терапијата зависи од болеста и општата состојба на организмот.
Грубо кажано, акутните заболувања можат да се излечат за помалку од една недела, а хронични за неколку месеци до една година. Терапијата мора да се спроведе онолку долго колку што е потребно организмот целосно да се опорави. Понекогаш состојбата може да се влоши на краток рок.Исто така, може да се појави и треска, особено кај луѓе кои страдаат од повеќе болести. Но, овие нарушувања се минливи, така што терапијата дефинитивно треба да се продолжи сè до заздравувањето.

Состав: Органски озонирани сусамово, кокосово, маслиново, сончогледово масло, ајурведски суплементи, етерични масла, шафран.

Пакување: 450мл

Шифра: 1020

ТЕЛЕФОН

СЛЕДЕТЕ НÉ