Oрганско чисто бадемово масло

Во древна Индија и Египет го нарекувале златно масло поради своите способности и хранливи својства.

Маслото од бадем е благо масло и содржи голема количина урсолинска и олеинска киселини кои се растителни деривати и имаат силен ефект на обновување на кожата и косата.

Најчесто се користи за да ја омекне и регенерира кожата. Од  витамини содржи: А, Б1 и Е кои помагаат во заштитита и длабинска исхрана кожата и косата и има неверојатни хидрирачки особини.

Некои поважни добробити од редовното користење на ова масло: го подобрува тенот и го задржува сјајот на кожата, има силни хидратирачки особини, брзо ја смирува иритацијата и воспаленијата на кожата, го намалува чешањето, ја храни кожата правејќи ја мазна и мека и моќно ги лекува испуканите и суви усни и кожни осипи.

Бадемово масло може да се користи за груба или сува кожа како додаток во дневната рутина. Најдобро е по темелното чистење на кожата да се аплицираат една или две капки бадемово масло. Потоа, најдобро е лицето да се измасира во нежни движења на целото лице, а областа околу очите со нежно тапкање. Секојдневната примена на бадемовото масло ќе резултира со многу помека и помазна кожа. Го подобрува тенот и го задржува сјајот на кожата.

Постојат многу добри причини зошто бадемовото масло треба да биде дел од вашите препарати за нега: го забрзува растот на косата, ги намалува лузните, има anti-age дејство, има позитивно системско дејство. Бидејќи лесно се впива преку кожата, косата и ноктите исто така го подобрува варењето на храната и имунитетот.

Шифра: 1037

ТЕЛЕФОН

СЛЕДЕТЕ НÉ