Масло за нега на влакно на брада Sweet Patchouli

Многу пати имаме напоменато дека нашите производи со голема причина содржат во себе одредени есенцијални масла, и тоа ги прави погодни за користење не само за нега на влакното на брадата туку и за кожата на лицето и косата и не само кај мажите туку може да ги користат и жените.

Маслото од пачули има карактеристичен мирис кој може да се опише како дрвенест, сладок и зачинет. Поради ова, често се користи како додаток за мирис во производи како парфеми и козметика.

Маслото од пачули има различни дополнителни намени низ целиот свет.
Некои од нив вклучуваат:
👉 лекување на кожни состојби како што се дерматитис, акни или сува, испукана кожа
👉олеснување на симптомите на состојби како што се настинки, главоболки и стомачни тегоби
👉 ослободување од депресија
👉 обезбедува чувство на релаксација и помага да се олесни стресот или анксиозноста
👉помага при мрсна коса или првут
👉може да го контролира апетитот
👉има антифунгални и антибактериски агенси
👉може да се користи како додаток во ниски концентрации за вкус на храна како бонбони, печива и пијалоци

Комбинацијата на пачули и масло од портокал овој производ го прави вистинска бомба за целокупна нега на вашите коса, кожа и брада.

Маслото го негува и храни влакното на брадата, спречува кршливост и сувост.

Ја намалува иритацијата на кожата, црвенилото и чешањето и воедно ја негува и храни кожата на лицето.

Додатокот на природен витамин Е го поттикнува и растот на влакното.

Маслата во својот состав содржат 100% природни и органски состојки бездодатоци на вештачки бои, парабени и мириси.

Не содржат палмино масло што дополнително ги прават и вистински пријатели на природата.

Состав: кокосово, арганово, јојоба, бадемово, маслиново, рицинусово, масло од коноп, амла масло, масло од авокадо, чисти есенцијални масла, витамин Е.

Пакување: 30мл

Шифра: 1346

ТЕЛЕФОН

СЛЕДЕТЕ НÉ