Масло за нега на кожа, конституција #vata (сува кожа)

Со кожата која има конституција вата владеат елементите воздух и етер. Кога е во рамнотежа, кожата од овој тип е малку ладна, сува и широки пори. Кога е надвор од рамнотежа, овој тип на кожа е склон на голема сувост, црни дамки, предвремено стареење и брчки. Брчките имаат тенденција да бидат најзастапени во делот околу челото и очите. Нашите производи за нега на Vata кожата се специјално формулирани за да ги балансираат квалитетите на вата со обезбедување на влажност, сила, топлина и хранење на сувата и / или зрела кожа.

СОВЕТИ ЗА НЕГА НА ВАТА КОЖА:

  •  Избегнувајте сурова и ладна храна.
  •  Јадете топла, благо зачинета храна, подготвена во здрави масла, како што е #ghee. Билките како куркума, ким и морско оревче се одлични за смирување на вата дошата.
  • Пијте топла вода со лимон, првото нешто наутро за да ја поттикнете перисталтика на дебелото црево.
  • Секогаш носете си со себе џемпер или наметка и избегнувајте студени и суви средини.
  • Рутината е клучна за одржување рамнотежа на вата дошата, затоа е неопходен развој на дневни рутини.
  • Создадете јога пракса која го потенцира движењето на заземјување преку позиција на дрво и позиција на дете. Движете се бавно и нежно..
  • Култивирајте дневна пракса за медитација. Започнете со само 5 минути на ден и полека зголемувајте кон 20-30 минути на ден.
  • Практикувајте топла бања со есенцијални масла од сандал, еукалиптус, цимет за да го смирите нервниот систем и менталното тело.
  • Изведете #Abhyanga – масажа секој ден со нашето масло за тело Vata за да се задржи ткивото на кожата еластично и хидрирано.
  • Пијте Трифала навечер за поддршка на здрава елиминација и тонизација на дебелото црево.
  • Користете ги нашите производи за нега на Vata кожата наутро и навечер за да ги искусите придобивките од ајурведската нега на кожа, формулирани токму за сува кожа од типот вата.

Начин на употреба:

Нанесете од маслото на целото тело пред или по туширање. Ако нанесете пред туширање, оставете маслото да се апсорбира 5 до 20 минути. Ако нанесете по туширање, нанесете го маслото на влажна кожа.

 Шифра: 1008

ТЕЛЕФОН

СЛЕДЕТЕ НÉ