Aјурведско масло за нега на коса 250мл

Принципот на Ајурведа се потпира на холистички пристап за третман и благосостојба на телото и душата. При изработка на во ова масло за коса го користевме истиот пристап. Специјално формулираномасло за мажи, е направено со екстракти од 8 природни билки и масла кои обезбедуваат целосна нега и исхрана. Бидејќи кога станува збор за здрава коса, ништо не ја надминува магијата како Ајурведата. Древните мистици откриле елементи во природата кои имале лековити својства и терапевтски ефекти за специфични заболувања и болести. Ајурведското масло за коса на Ајурведа Македонија користи иста екстракција и состојки како што е дефинирани во ведските времиња. Меѓутоа, колку и да мислиме дека го контролираме стресот, телото може да го поднесува стресот, а се манифестира со губење и проретчување на косата. Најдобро е да се користи при проблеми со скалпот и косата, како што се сува, чешање на скалпот од првут, егзема или псоријаза. Ова масло е богато со минерали како: железо, магнезиум, калциум и протеини,  фитонутриенти (или тритерпеноиди и флавоноиди кои имаат антиинфламаторни, антимикробни, антитуморни својства) и антиоксиданти, кои се важни за здрав раст на косата.

 Кои се главните карактеристики на ајурведско масло за коса:

Помага при контрола на опаѓањето на косата

Поттикнува здрав скалп и раст на долга коса

Помага при контрола на првут

Ја храни косата со екстракти од 8 природни билки

Помага во одржување на природната боја на косата

Спречува предвремено белеење,поради високите антиоксидантни и затемнувачки својства, се смета дека ова масло го спречува и прикрива предвременото белеење на косата.

Поттикнува раст на косата

Редовното масирањето на ова масло во скалпот може да го зголеми протокот на крв или циркулација.

Помага во спречување на појава на првут:

Ова маслото  има хидратантни и регенерирачки својства што помага да се третира сува и кршлива коса, а на кожата/скалпот се зголемува сјајот на косата.

Како да се користи: најдобро е маслото да се користи топло, на собна температура, а потоа во мала количина нанесете го и масирајте го топлото масло во скалпот, најмалку 30 минути. Масирањето е најдобро ако се изведува на следниот начин : започнете по должината на линијата на косата, масирајте наназад. Бидете сигурни дека се фокусирате на областа на врвот на главата бидејќи е една од првите области што покажува приемчивост за раст на косата. По масажата, оставете го маслото да остане на вашиот скалп под капа за туширање или капа што загрева дополнителни 30 минути. Исплакнете и продолжете со измивање со вашиот омилен органски ајурведски шампон. Уживајте во прекрасниот природен мирис од етерични масла.

 

100% состојки од природно потекло

Пакување: 200ml

Шифра: 1062

ТЕЛЕФОН

СЛЕДЕТЕ НÉ