Масло за нега на кожа, конституција #kapha (масна кожа)

Кожата од типот kapha (масна кожа) се одликува со квалитети на елементот земја и вода. Кога е во рамнотежа, kapha кожата е светла, мека, еластична, студена и малку влажна. Се вели дека луѓето со конституција кафа имаат кожа како кукла од Кина. Кога е надвор од рамнотежа, овој вид на кожа е склон на вишок маснотија, цистични акни, големи пори, вишок на влага. Kapha кожата има голема количина колаген што ги спречува предвремените брчки и знаци на стареење. Нашето масло за нега на Kapha кожата е формулирано со специфични билки за да има адстрингентно, затоплувачко и детоксично дејство на кожата, со цел да се донесе идеална рамнотежа на кожата од типот кафа.

СОВЕТИ ЗА НЕГА НА KAФA КОЖА:

  • Избегнувајте преработени шеќери, масна и / или пржена храна и сите млечни производи.
  • Комбинирајте зачинета храна, сува и лути зачини што ќе го стимулираат #агни (вашиот дигестивен оган). Билки како: лути пиперчиња, цимет и црн пипер се идеални опции.
  • Пијте топла вода со лимон наутро за да ја исчистите и детоксицирате кожата и да го зголемите агни.
  • Кардио вежбите се одлични за типови со конституција кафа.
  • Бикрам, Аштанга и вињјаса јога се идеални, како и поздрав на сонцетето, отворање на срце, камила и риба поза.
  • Вежбајте уметност на опуштање. Исчистете го вашиот „плакар“, исфрлете ги работите што ви тежат.
  • Изведете дневна само-масажа со нашето масло за тело за да ја задржите кожата во добра хидрација и со добра циркулација.
  • Користете ги нашите производи за Kapha Skincare®️ наутро и навечер за да ги искусите придобивките од линијата за нега на кожата, формулирана токму за вас и вашите единствени потреби.

Начин на употреба:

Нанесете од маслото на целото тело пред или по туширање. Ако нанесете пред туширање, оставете маслото да се апсорбира 5 до 20 минути. Ако го нанесете по туширање, нанесете го маслото на влажна кожа. Нанесувајте го маслото со размачкување во правец надолу на екстремитетите и со кружни движења на зглобовите, градите и абдоменот.

Маслото е само за надворешна употреба.

 Шифра: 1006

ТЕЛЕФОН

СЛЕДЕТЕ НÉ