Масло за нега на кожа, конституција #pitta (чувствителна кожа)

#Pitta – типот на кожа се одликува со елементи од оган и вода. Кога е во рамнотежа, кожата со конституција pitta има розов сјај. Пита кожата е специфична, природно топла и може да има пеги. Кога е надвор од рамнотежа, овој тип на кожа е склон на голема топлина, воспаленија, вишок маснотија (особено во регионот на Т-зоната), розацеа, испукани капилари, акни, флеки и црвенило. Брчките имаат тенденција да бидат најдоминантни помеѓу очите. Нашите производи за нега на pitta кожата се формулирани со масла и 🌿 кои имаат својства на ладење и смирување за да ја избалансира загреаната Pitta кожа.

СОВЕТИ ЗА НЕГА НА PITTA КОЖА:

  • Избегнувајте зачинета, пржена, премногу масна храна, кофеин и алкохол. • Комбинирајте храна со 🌿 што ќе го оладат дигестивниот тракт како што се ким, коријандер и анасон.
  • Првото нешто наутро: пијте топла вода со лимон за да ја исчистите и детоксифицирате кожата и внатрешните органи.
  • Создадете навика за јога пракса. Избегнувајте јога асани кои дополнително ќе го загреат вашето тело.
  • Вклучете се во смирувачки активности како прошетки во природа и поминувајте време со најблиските наместо во натрпреварувачки активности.
  • Воведете дневна пракса за медитација. Започнете со само 5 минути на ден и полека зголемувајте кон 20-30 минути на ден.
  • Практикувајте бања со есенцијални масла од нане, лаванда и гераниум за да се смири и олади нервниот систем и менталното тело.
  • Изведувајте само-масажа секој ден со нашето масло за нега на pitta кожа за да го одржите ткивото и кожата здрава и смирена.
  • Користете ги нашите производи за Pitta Skincare наутро и навечер за да ги искусите придобивките од линијата за нега на кожата, формулирана токму за вас и вашите единствени потреби.

Начин на употреба:

Нанесете од маслото на целото тело пред или по туширање. Ако нанесете пред туширање, оставете масло да се апсорбира 5 до 20 минути. Ако нанесете по туширање, нанесете го маслото на влажна кожа. Нанесувајте го маслото со размачкување во правец надолу.

 Шифра: 1007

ТЕЛЕФОН

СЛЕДЕТЕ НÉ