Свилена ракавица за Гаршана третман
Гаршана масажа со свилени ракавици
Исклучиво користете ракавици направени од сирова свила.
Со енергични, но лесни движења, започнете со масирање на целото тело, освен лицето и областа околу срцето.
Прво започнете со нежен притисок, ако имате чувствителна кожа.
Запомнете, вашите движења мора да одат во насока на срцето.
Областите на вратот, рацете и нозете поминувајте ги со правење долги движења кон срцето.
Користете кружни движења околу стомакот, задникот и зглобовите (рамената, лактите, зглобовите, колковите, колената и глуждовите).
Темелно тријте го вашето тело.
Употребувајте нежни движења на нозете во случај на проширени вени, на чувствителните места каде кожата е потенка и избегнувајте воспалени места (кожни инфекции).
Гаршана масажата нека трае најмалку пет минути, и најдобро е да го правите тоа секое утро бидејќи неговите придобивки се многубројни.
Порите на кожата се отвораат, ослободувајќи акумулирани и складирани токсини во телото, намалувајќи ја напнатоста во мускулите и подобрувајќи го метаболизмот што резултира со зголемена виталност.
Сувото триење на кожата исто така го ублажува стресот и го релаксира умот.
Ако одлучите да правите само Гаршана, /без да следи некоја маслена терапија/ не заборавајте дека потоа мора да се истуширате за да ги отстраните нечистотиите ослободени од масажата.
Откако ќе завршите со гаршаната, вашето тело е совршено подготвено да ги добие сите придобивки од негувањето со топло масло.
Шифра: 1410