Aјурведско масло за раст на веѓи и трепки

Сите оние девојки кои велат дека долгите и густи трепки не се толку битни тогаш веќе ги имаат. Често не убедуваат дека трепките се категорија на влакна на лицето која не се менува, должината им е иста во текот на целиот живот. Се лажете, трепките можат да ви бидат и погусти и подолги и поцврсти доколку правилно ги негувате и ја храните фоликулата на нивното влакно, исто како што и тоа се однесува и за косата. Веѓите исто така спаѓаат во оваа иста категорија, преголемото кубење, пострижување и кратење после 35 година ќе го земе својот данок и ќе резултира со ретки веѓи без форма и облик. Веѓите се рамка на лицето затоа не ги кубете ексесивно, бидете погрижливи и оставете ги да порастат затоа што ќе ви бидат потребни а нема да го иматее тој ист сјај и убавина кај нив по 35.

Шминката која секојдневно се користи со тек на време поради хемикалиите присутни во неа го зема данокот на лицето и предизвикува брчки како и губиток на влакна на трепките и веѓите. Но не грижете се, можете да го превенирате истиот но и воедно и да добиете погусти веѓи и трепки со користење на овој раствор од масла,  серум за погусти веѓи и погусти и подолги трепки.

Густиот маслен раствор киј во себе содржи природни специјално одбрани масла за раст на веѓи и трепки е во пакување од 30мл и со сигурност ќе ви трае повеќе од година дена.

Содржината се чува на собна температура и секоја вечер пред спиење се нанесува на веѓите и трепките. Можете да користите  за нанесување четче од маскарата кое ќе ви биде доста практично.

Кај некои луѓе овој третман покажува резултати веднаш, додека кај други покажува по втората недела од секојдневно користење. Меѓутоа најоптимален период за драстични промени е периодот до 6 недели од секојдневно користење.

Шифра: 1081

ТЕЛЕФОН

СЛЕДЕТЕ НÉ