Aјурведско масло против болки во уши – Karna Purana

Karna Purana е ајурведска практика на ставање лековито масло во ушните канали. Оваа практика ќе го оддржи здравјето на ушите и слухот. Корисно е кај болести на ушите вклучувајќи губење на слухот, тинитус, пливачко уво, блокада на ушниот канал,отстранување на церумен – вишокот маст која се таложи во ушите, конгестија на увото,мениере болест (вртоглавици), главоболка, несоница, мигрена, болки во вратот, болки вовилицата, слабост на акустичниот нерв, вертиго, општи болки во телото, невролошки нарушувања, депресија, нарушување на телесната рамнотежа, авинско уво, проблеми со надморска висина и многу други заболувања поврзани со ушите.

Начин на употреба:

Карна Пурана маслото се аплицира во домашни услови или пак како дел од Карна Пурана третманот кој може да го направите во нашиот ајурведски центар.

За употреба во домашни услови, маслото треба да е на собна температура, легнете настрана и нанесете во увото од 5 до 8 капки. Останете во легната положба 15 до 20 минути,а потоа затворете го ушниот канал во кој нанесовте карна пурана масло со мало парчевата. Повторете ја процедурата со другото уво.

Состав: органско озонирано сусамово масло, рицинусово масло, ним масло, ајурведски билки, етерично масло од лаванда.

 Шифра: 1012

ТЕЛЕФОН

СЛЕДЕТЕ НÉ