Ајурведски бар шампон за сите типови коса

Зошто кога се преминува кон органски шампон, на почетокот се забележува поинаква состојба на косата?

Одговорот е многу едноставен – заради силиконите содржани во комерцијалните шампони!

Сите оние комерцијални и хемиски шампони кои што по две миења ја прават косата како свила и за кои не убедуваат дека имаат дејство преку ноќ, се полни со силикони и со нафтени деривати кои што со текот на времето и со редовна употреба буквално ја покриваат косата со токсини и со супстанции што за неа се неприродни. Силиконот создава филм кој го обложува влакното и тогаш тоа изгледа совршено, мазно и сјајно, но впрочем истото тоа влакно под тој лажен сјај е комплетно задушено. Колку повеќе користите производи полни со силикони толку повеќе сте принудени да користите двојно повеќе за да се покрие одреден проблем како што е отежната коса, суви врвови, кршливост, масна коса…и така се во еден маѓепсан круг.
Кога ќе почнете да ја миете косата со природен органски шапмпон, се случува следново: шампонот ги одмива силиконите насобрани на влакното (потребне барем најмалку15 до 20 миења), косата тогаш ви е по сува, но не како резултат на состојките во органскиот шампон, туку како резултат на состојките во шампоните пред него. И тогаш влакното е конечно ослободено. Со редовна употреба на органски природни шампони и со соодветна нега на косата со масла и маски на природна основа ќе дојдете до прекрасна, сјајна и здрава коса која што сега ќе биде навистина ваша.

Природен органски бар шампон создаден од гоелм број природни состојки како што се бадемово, арганово, јојоба, маслиново, сусамово, сончогледово, кокосово масло, ши путер, какао путер, пчелин восок, ним масло, ајурведски суплњменти погодни за раст и нега на влакното на коса, чисти есенцијални масла, масло од шафран.

+/-110гр

Шифра: 1026

ТЕЛЕФОН

СЛЕДЕТЕ НÉ