Be Bronze чоколаден мус за сончање

Чоколадниот мус за забрзано и интензивно темнеење на кожата со SPF15 е лесно тониран мус за брзо добивање атрактивен темен и бронзен тен. Благотворно делува на сувата кожа и го спречува нејзиното сушење. Благодарејќи на богатите природни масла кожата брзо добива интензивен бронзен тен. Во составот на овој чоколаден мус влегува висока концентрација на квалитетни билни масла чии природни состојки ја негуваат и хидрираат кожата. Маслиновото и невеновото масло благотворно делуваат на сувата кожа и го спречуваат нејзиното сушење. Благодарејќи на какао путерот, какао прашокот, ореовото масло, маслото од смиљ и морков кожата брзо темнее. Маслото од лаванда на кожата остава пријатен мирис и ја штити од предвремено стареење.

Станува збор за лесен мус за тело кој е наменет за оние кои сакаат интензивно и брзо да потемнат и што подолго да ја задржат таа боја на кожата. Богат со хранливи состојки кои кожата ја прават мека и сјајна. Производот содржи бета каротин, витамин Е, кверцетин и карвакрол кои стимулираат производство на меланин и ствараат природна UV заштита. Имаат јако антиоксидантно дејство и ствараат брза пигментација на кожата под дејство на сончевите зраци. Кремастата структура лесно се нанесува на кожата и брзо се впива.

Овој чоколаден мус може да го користите во текот на целата година, па дури и во периодите кога има малку сонце. Отпорен е на вода и советуваме повторно нанесување на кожата после секое бањање.

Чоколадниот мус не се препорачува да го користат деца или пак лица со осетлива и светла кожа или пак да се користи со дополнителни креми за сончање со многу поголем SPF.

Се препорачува носење на костими за капење или пак алишта во потемна боја бидејќи според својот состав мусот остава трагови во кафена боја. Само за надворешна употреба.

Пакување: 330мл

Шифра: 1083

ТЕЛЕФОН

СЛЕДЕТЕ НÉ