CALM масло за после бричење

Како и сите наши останати производи, така и ова масло за после бричење е направено исклучиво од природни состојки, без хемиски додатоци, бои, мириси и парабени.
Правени во мали количини и на секој еден производ посветено многу љубов и внимание.
Ова масло за после бричење е погодно дури и за најосетливата кожа на лице.
Природните состојки како што се кокосово масло, масла од јојоба, бадем, арган, авокадо, конопово, рицинусово, сусамово, сончогледово и маслиново, токоферол (природен витамин Е) во овој производ ќе овозможат вашата кожа на лице да остане хидрирана, мека и мазна.
CALM маслото е наменето за оние кои не сакаат креми за после бричење, постигнува олеснување веднаш по бричењето и го комплетира целиот ритуал. Формулирано без алкохол, ја освежува и оживува кожата, има омекнувачко и смирувачко дејство.
Маслото е идеално за смирување на кожата од иритации и исекотини по бричењето.
Чистите есенцијални масла од лаванда, чајно дрво и иланг иланг се познати по тоа што имаат антифугални и антиинфламаторни својства, помагаат во чистење на кожата и намалување на црвенилото и иритацијата

Како се користи:
Капнете со пипетата 2-3 капки на дланките, и намачкајте на лицето и пределот на вратот веднаш по бричењето и нежно масирајте за да ја олесните апсорпцијата.
Да се чува на суво и темно место.

Шифра: 1339

ТЕЛЕФОН

СЛЕДЕТЕ НÉ