fbpx
ДЕТСКА ЈОГА АРТ ЕКСЕЛ
  • Home
  • /
  • ДЕТСКА ЈОГА АРТ ЕКСЕЛ

Јога

Детска јога арт ексел

Часовите се креирани и се прилагодени за детска возраст, на начин на кој децата полесно го прифаќаат. Изобилуваат со алатки и техники кои им помагаат на децата да се справат со предизвиците, искушенијата, и бројните задачи кои ги пресретнуваат секојдневно. Активностите вклучуваат:

  • Вежби за подобрување на држењето на телото и зајакнување на мускулите и лигаментите, како превенција од искривување на `рбетот
  • Вежби за подобрување на фокусот и концентрацијата
  • Вежби за дишење и релаксација
  • Тимски игри за развивање социјални вештини, толеранција и соработка
  • Креативни активности
  • Едукативни содржини
  • Вежби за комуникација

Бенефити од јогата за детето:

  • развива свесност за своето тело
  • превенција од искривување на `рбетот
  • зајакнување на коските и поголема еластичнот на мускулите
  • учи како да се справи со стресот – се подобрува имунитетот
  • се подобрува концентрацијата
  • се зголемува самодовербата

Часовите изобилуват со игри, забава и дружење, а бенефитите се големи и на психичко и на физичко ниво.

Цена за осум термини (1 термин – 1 час): 800.оо мкд

Шифра: 1503