fbpx
СЕМИНАРИ
  • Home
  • /
  • СЕМИНАРИ

СЕМИНАР

Хормонална терапевтска јога

ХОРМОНАЛНА ТЕРАПЕВТСКА ЈОГА е специјално дизајнирана серија на динамични асани, пранајами, визуелизација – јога нидра и тибетански енергизирачки техники, кои заедно го активираат произвотството на хормони и следствено го враќаат хормоналниот баланс.

Наменета е за жени со секаков вид на хормонални нарушувања и заболувања, како што се менструална болка, ПМС, болки во зглобовите, мигрена, остеопороза, зголемена телесна тежина и емоционална нестабилност за време на хормоналните промени.

СЕМИНАР

Работилница на среќата – Семинар

Работилницата нуди посебни техники на дишење кои телото го исполнуваат со енергија, практични алатки за справување со стресот, будење на внатрешниот потенцијал, поголема свесност и радост во секојдневното живеење.

На работилницата ќе добиете знаење за здивот, Pranayama – јогистички техники на дишење, искуство во медитацијата. Составен дел е и сударшан крија, техника која користи различен ритам на дишење при што сите клетки се прочистуваат и исполнуваат со кислород и енергија, а истовремено се воспоставува рамнотежа во животот и се спознаваме себе си. Практикантите велат дека со редовно вежбање (15-20 минути дневно) ја подобриле физичката и менталната способност како и меѓучовечките односи.