ШРИ ШРИ ЈОГА
  • Home
  • /
  • ШРИ ШРИ ЈОГА

Јога

Шри шри јога

Добредојдовте во Шри Шри јогата – чиста и автентична форма на  јога . Комплетна јога дисциплина, каде мудроста и техниките на јогата се донесени до вас на многу едноставен и темелен начин. Се учат комбинации на нежни и енергични асани за добробит на телото, а истовремено е ставен еднаков акцент на техниките за негување на умот и духот. Јога асаните кои биле практикувани со векови, споени со  мудроста  од древните списи, се пренесуваат во облик кој ќе ви помогне да го подобрите квалитетот на секојдневниот живот.

Познато е дека преку вежбите кои се практикуваат, учесниците губат тежина и можат да се излечат од хронични болести како несоница, астма, дијабет, покачен крвен притисок и мигрена. Асаните во Шри Шри јогата се дизајнирани со цел да се добие балансирано здравје и мирен ум. Телото се зајакнува и ревитализираат внатрешните органи, се подобрува флексибилноста и целокупната енергија, а истовремено се смирува умот.

Цена за осум термини (1 термин – 1 час): 1 300.оо мкд

Шифра: 1501