Пронајдете го она што го барате
Семинар по хормонална терапевтска јога
ХОРМОНАЛНА ТЕРАПЕВТСКА ЈОГА е специјално дизајнирана серија на динамични асани, пранајами, визуелизација – јога нидра и тибетански енергизирачки техники, кои заедно го активираат произвотството на хормони и следствено го враќаат хормоналниот баланс.
Наменета е за жени со секаков вид на хормонални нарушувања и заболувања, како што се менструална болка, ПМС, болки во зглобовите, мигрена, остеопороза, зголемена телесна тежина и емоционална нестабилност за време на хормоналните промени.
Типични несакани ефекти на менопауза како што се топло ладни бранови, нарушено спиење, депресија, раздразливост, кршливи нокти и тенка коса можат да се ублажат или целосно да исчезнат.
Покрај здравствените придобивки, хормоналната јога овозможува на жената во периодот на хомонален пресврт да го одджи својот младешки изглед што е можно подолго. Со еден збор хормонална терапија, без несакани дејства.
Овој природен холистички метод беше развиен од Дина Родригез, од С. Паоло Бразил, филозоф и психолог,сега 93- годишна жена, која сеуште е активна и е член на Меѓународната асоцијација на учители по јога и почесен член на Светскиот јога совет.
Важна забелешка: Присуството е задолжително во текот на целата работилница.
Цена за единечен третман: 3 800.оо мкд
Шифра: 1601