fbpx
Третмани
  • Home
  • /
  • Третмани

ТРЕТМАНИ

Абјанга (Abyanga)

Абјанга е древен ајурведски третман на цело тело со топло сусамово масло, препорачана секојдневна рутина за лекување на целокупното здравје и благосостојба. Ги смирува сите три доши, го ублажува заморот, дава енергија за целиот ден, совршен сон, го подобрува тенот и сјајот на кожата, промовира долговечност и ги храни сите делови на телото.

ТРЕТМАНИ

Удвартана (Udvartana)

Удвартана третманот користи посебни билни супстанции кои првенствено се наменети за длабинско разбивање на масните наслаги во телото и има неверојатен ефект во губење на тежината и целулитот.

ТРЕТМАНИ

Широдара (Shirodhara)

Широдара или уште како што се нарекува кралски третман е многу релаксирачки третман и еден од најпознатите за смирување и заземјување на нервниот систем. За време на овој третман удобно сте легнати со главата навалена малку назад. Во центарот на челото се движи континуиран млаз на топло сусамово масло за време од 20 до 30 минути.

ТРЕТМАНИ

Пинда сведана (Pinda Swedhana)

Пинда сведана е третман со топли памучни топки исполнети со билки кој често се изведува истовремено со две топки на двете страни од телото. Целта на овој третман е релаксација на зглобовите и мускулите, ослободување на тензиите и отворање на порите за да се дозволи апсорбција на лековитите супстанции и отстранување на токсините преку потење.

ТРЕТМАНИ

Широабјанга (Shiro Abhyanga)

Широабјанга е длабоко релаксирачки и подмладувачки традиционален индијски третман на главата. Постојаното возење, читање или користење на компјутерот, предизвикува лошо држење на телото и создава напнатост во вратот и рамената. Овој третман ги ослободува енергетските блокови во телото што може да донесат несакани ефекти. При овој третман на главата се користи топло сусамово масло кое освен што е добро за скалпот на косата, го релаксира умот, ја ослободува тензијата во главата, вратот и горениот дел на грбот.

ТРЕТМАНИ

Насја (Nasya)

Насја третманот спаѓа во еден од најпопуларните ајурведски третмани. Третманот вклучува масажа на лицето, главата и рамењата, допир на марма точките на главата, инхалација на дишните патишта и апликација хербално специјално ајурведско масло Насја во носниците. Насја третманот е една од 5те техники во програмата на чистење и подмладување на телото – Панчакарма. Како терапевтска постапка, насја третманот помага во губење на токсините во телото и ја зголемува циркулацијата во деловите на главата и вратот, а со тоа се намалуваат симптомите поврзани со болестите во главата и вратот.

ТРЕТМАНИ

Падабјанга (Padabhyanga)

Падабјангам е древен маслен третман за релаксација и вкочанетост во нозете и стапалата. Лековитото масло кое се користи при овој третман е моќен антиоксидант и лесно се апсорбира во кожата, ткивата, лигаментите, мускулите. При овој третман на нозете се ослободуваат токсините, длабоката вкочанетост и се опушта целото тело. Се активираат енергетските точки на стапалата и на тој начин се стимулира протокот на енергија и циркулацијата на крвта и лимфата. Знаеме дека важни енергетските центри завршуваат во стапалата кои водат низ телото, а со тоа вршиме стимулации на црниот дроб, бубрезите, стомакот, вратот, срцето, главата и сите други органи.

ТРЕТМАНИ

Кати Басти (Kati Basti)

Кати Басти Третманот со лековито ајурведско масло за болки во телото Кати Басти е третман каде голема количина на загреано медицинско масло се излева на делот од телото. Третманот е многу исцелувачки кај нарушувањата на мускулите, коските и р’скавиците на грбот и телото. Болките во телото се чест проблем која го прогонува човекот со векови и ја намалув неговата работо способност. Брзата храна што ја консумираме, животниот стил, намалениот имунитет, метаболичките заболувања вклучително и дебелината, стресот, се идиција за болки во телото. Ајурведата има решение за болките во телото.

ТРЕТМАНИ

Сарванга Абјанга (Sarvanga Abhyanga)

Најдревниот исцелувачки третман #SarvangaAbhyanga Специјална терапевтска масажа на целото тело со употреба на растителни масла кои одговараат на вашата доша / конституција или вашите терапевтски потреби. Се практикува со активна стимулација за марма точките, меридијаните, акупресурните точки и енергетски точки во телото. Овој третман – масажа лесно ја придвижива енергијата во вашето тело и со тоа лесно се отстрануваат токсините и ама-та од телото. Третманот придонесува за релаксација на нервите, ендокриниот систем, ја подобрува циркулацијата на крвта и лимфата, го подобрува тонусот на мускулите и ја намалува слободната радикална активност во вашето тело. Помага да се ослободат токсините кои се длабоко вкоренети во ткивата и со тоа ја зајакнува и стимулира природната способност на вашето тело да се лекува.

ТРЕТМАНИ

Канза Ватаки (Kansa Wand)

Канза Ватаки – најдобро чуваната ајурведска тајна. Со овој природен третман се разубавувале и Фараоните во древниот Египет. Масажата KansaWand делува на длабинско тонирање на кожата и мускулите на лицето, грлото, вратот и телото. Го нарекувааат природен ботокс третман без употреба на хемиски и естетски препарати. Ја омекнува кожата, ги отвора порите и помага во чистењето на насобраната нечистотија. Овој третман ја контролира појавата на акни и црнки, но исто така ја зголемува циркулацијата и дава топол, здрав и младешки блесок на кожата. На главата и вратот се третираат сите тензични и енергетски места, одредени марма точки, зони и меридијани на лицето. Масажата КансаВанд помага да се отстранат длабинските брчки и по масажата лицето изгледа свежо, одморено и ревитализирано.

ТРЕТМАНИ

Марма терапија (Marma)

Марма терапија е важен аспект на ајурведскиот третман каде што примената на притисок врз марма енергетските точки поттикнуваме проток на витална енергија (прана) долж сложениот систем на суптилни канали наречени (нади). Врз основа на наведените знаења во Данурведа, ајурведскиот мудрец (пред околу 6000 години), 107-те терапевтски точки на Марма терапијата се препознаени од Ајурведа. Повредата или лошиот проток на енергијата на некои од овие важни точки на телото доведува до разни заболувања, непријатност во телото, хормонален дизбаланс, а во потешки случаи и до смрт. Масажата на овие делови е длабоко применета во третманот на ајурведата.

ТРЕТМАНИ

Такра Широдара (Takra ShiroDhara)

Takra Shiro Dhara Такра дара третман за псоријаза, хипертензија, несоница, анксиозност, депресија и т.н. Во денешно време, природните терапии, процедури и лекови станаа огромен глобален приоритет. Ајурведските терапии се во основа применливи за голем број случаи поради нивните заштитни, лековити и превентивни делувања. Ова укажува на нивната валидност и ефикасност во лекувањето на различни болести. Што е Такра дара? Такра дара е специјална ајурведска терапија во која се употребува лековито млеко. Се обработува со лековити билки. Такра Дара е корисна кај псоријаза, хипертензија, несоница, анксиозност, депресија и многу други психички проблеми бидејќи за кратко време успева да ја нормализира состојбата. Во терапијата Такрадхара, млекото третирано со лековити билки кое секогаш се користи како тарапевско решение во форма на тенок млаз. Такра: значи млеко – матеница: Широ – глава: Дара: истурање во континуиран тек на одреден начин.

ТРЕТМАНИ

Нади Сведана – Хербална медицинска сауна

Со овој третман хербализната медицинсма пареа се апсорбира во одредени делови од телото, често по енергетските канали во телото наречени нади. Ја ублажува болката и болката во зглобовите и мускулите, исто така ја промовира циркулацијата на крвта и ја враќа флексибилноста во затегнатите и погодени области. Овој третман е многу корисен за артритис, неподвижност и невромускулни состојби и целокупното здравје Бидејќи кожата делува како врата за елиминација на токсините, таа се нарекува и „трет бубрег“ на човечкото тело. Кога swedana се применува редовно, топлината на пареата ги забрзува хемиските процеси во телото за да се излачат акумулираните токсини надвор од телото.

ТРЕТМАНИ

Абјанга со Нади сведана – третман за целото тело

Абјанга е древен ајурведски третман на цело тело со топло сусамово масло, препорачана секојдневна рутина за лекување на целокупното здравје и благосостојба. Ги смирува сите три доши, го ублажува заморот, дава енергија за целиот ден, совршен сон, го подобрува тенот и сјајот на кожата, промовира долговечност и ги храни сите делови на телото.

Нади Сведана – овој третман хербализната медицинсма пареа се апсорбира во одредени делови од телото, често по енергетските канали во телото наречени нади. Ја ублажува болката и болката во зглобовите и мускулите, исто така ја промовира циркулацијата на крвта и ја враќа флексибилноста во затегнатите и погодени области. Овој третман е многу корисен за артритис, неподвижност и невромускулни состојби и целокупното здравје Бидејќи кожата делува како врата за елиминација на токсините, таа се нарекува и „трет бубрег“ на човечкото тело. Кога swedana се применува редовно, топлината на пареата ги забрзува хемиските процеси во телото за да се излачат акумулираните токсини надвор од телото.