Магнезиумот е чудесен минерал познат по своите лековити ефекти врз широк спектар на болести, антиинфламаторно дејство и забавување на процесот на стареење. Магнезиумот е неопходен за многу ензимски реакции, особено во однос на производство на клеточна енергија.
Бенефити од редовното користење на магнезиум.
Aјурведско масло за жабуркање
Ајурведата препорачува неколку методи за чистење на телото од ама, а еден од нив е жабуркање на масло во устата.
Овој метод за отстранувањето на токсичните материи (ама) од телото се постигнува со дневно жабуркање лековито масло во усната шуплина.
После тоа, не треба да го проголтате маслото, туку треба да го плукнете, а потоа добро да ја исплакнете устата.
Таквата постапка му овозможува на телото да се избори против секоја болест, без никакви несакани ефекти и вообичаени нуспојави по употреба на јаки лекови.
Aјурведско масло за нега на коса 250мл
Принципот на Ајурведа се потпира на холистички пристап за третман и благосостојба на телото и душата. При изработка на во ова масло за коса го користевме истиот пристап. Специјално формулираномасло за мажи, е направено со екстракти од 8 природни билки и масла кои обезбедуваат целосна нега и исхрана. Бидејќи кога станува збор за здрава коса, ништо не ја надминува магијата како Ајурведата. Древните мистици откриле елементи во природата кои имале лековити својства и терапевтски ефекти за специфични заболувања и болести. Ајурведското масло за коса на Ајурведа Македонија користи иста екстракција и состојки како што е дефинирани во ведските времиња. Меѓутоа, колку и да мислиме дека го контролираме стресот, телото може да го поднесува стресот, а се манифестира со губење и проретчување на косата. Најдобро е да се користи при проблеми со скалпот и косата, како што се сува, чешање на скалпот од првут, егзема или псоријаза. Ова масло е богато со минерали како: железо, магнезиум, калциум и протеини, фитонутриенти (или тритерпеноиди и флавоноиди кои имаат антиинфламаторни, антимикробни, антитуморни својства) и антиоксиданти, кои се важни за здрав раст на косата.
Шифра: 1062
Aјурведско масло за нос – Nasya Oil
Дезинфицирај ги дишните патишта на природен начин. Сувост во ноздрите, затнат нос, синузитис, болки во синусите? Како да ги избегнете, спречите и да ги третирате проблемите со синусите, опструкциите надишните патишта и воспаленијата, алергиите, главоболките, мигрената, вирусите.
#Насја ги прочистува синусите и дишните патишта, делува против воспаленијата, го смирува умот, ја подобрува меморијата и концентрацијата.Овие природни капки од билни и етерични масла ги прочистуваат синусите и дишните патишта, ги ублажуваат алергиите, ги решаваат енергетските блокади и ги прочистуваат каналите во главата, го олеснуваат стресот, ги смируваат главоболките, вознемиреноста,иритациите и делуваат многу релаксирачки. Тие лесно го смируваат умот, ја подобруваат меморијата и концентрацијата. Природните капки за синуси брзо го подобруваат протокот на кислород во главата ицелото тело, го олеснуваат стресот, ја ублажуваат главоболката, вознемиреноста, иритацијата и имаат многу релаксирачки ефект и го релаксираат целиот нервен систем. Тие дури помагаат при болки во грбот. Овие капки се дел од #Nasya третманот кој се изведува во ајурведа центарот.
Шифра: 1010
Aјурведско масло за очи – Netra Oil
Дали знаете дека составот на ова масло делува: антивирусно, антибактериски и антиканцерогено. Маслени капки за очи е хербален лек кој е создаден од мешавина на органски масла идревни ајурведски билки. Неговата редовна употреба им дава нов живот на очите и гиштити од загадената околина на денешницата. Го подобрува видот на очите и може да помогне во намалувањето на заматеноста и е најдобриот природен лек за печење и чешање на очите, уморни очи, крвави и црвени очи. Резултатите се видливи по употребата од само неколку дена. Нетра капките ги зачувуваат очите и ги одржуваат здрави и со јасен вид, доколку се користат редовно. Тоа е моќно антисептичко не-иритантно решение кое дава ефект на ладење и смирување без никакво штетно влијание врз ткивото на окото.Овие капки се многу корисни кај проблемите што се случуваат со возраста, како што се: катаракта, трахома и глауком. Нетра маслото успешно го спречува развојот на катарактата и природно го регенерираат и потхрануваат очниот нерв. Оваа ајурведска билно маслена формулација е создадена за зачувување на здравиот види е погодна за секојдневна употреба.
Шифра: 1011
Aјурведско масло за раст на коса 100мл
Ајурведски потхранувачки серум за раст на коса со лековити масла и масло од коноп.
100% природен и безбеден серум за раст на косата кој ќе им користи на оние со оскудна коса, стимулирајќи ги фоликулите на косата, како резултат на иновативна природна формулација подготвена со озонирани масла и врвни екстракти од билки како и збогатено со конопово масло кое е едно од најдобрите масла за раст на влакното. Го обновува растот на косата, го намалува губењето и ја зголемува густината на косата за 7%, што одговара на 27.000 нови влакна по 3 месечна редовна употреба.
Ги стимулира клетките на фоликулите на косата кои го намалуваат процесот на стареење на косата. Ја подмладува косата давајќи ви здрава, густа и сјајна коса.
Ја потхранува косата со витамини и микро-елементи и нежно го стимулира растот на косата.
Шифра: 1009






