fbpx
ЈОГА

ЈОГА

Шри шри јога – пат до ум и тело без стрес

Добредојдовте во Шри Шри јогата – чиста и автентична форма на  јога . Комплетна јога дисциплина, каде мудроста и техниките на јогата се донесени до вас на многу едноставен и темелен начин. Се учат комбинации на нежни и енергични асани за добробит на телото, а истовремено е ставен еднаков акцент на техниките за негување на умот и духот. Јога асаните кои биле практикувани со векови, споени со  мудроста  од древните списи, се пренесуваат во облик кој ќе ви помогне да го подобрите квалитетот на секојдневниот живот.

ЈОГА

Хормонална терапевтска јога

ХОРМОНАЛНА ТЕРАПЕВТСКА ЈОГА е специјално дизајнирана серија на динамични асани, пранајами, визуелизација- јога нидра и тибетански енергизирачки техники, кои заедно го активираат произвотството на хормони и следствено ги враќаат хормоналниот баланс. Наменета за жени со секаков вид на хормонални нарушувања и заболувања, како што се менструална болка, ПМС, болки во зглобовите, мигрена, остеопороза, зголемена телесна тежина и емоционална нестабилност за време на хормоналните промени.

ЈОГА

Детска јога арт ексел

Часовите се креирани и се прилагодени за детска возраст, на начин на кој децата полесно го прифаќаат. Изобилуваат со алатки и техники кои им помагаат на децата да се справат со предизвиците, искушенијата, и бројните задачи кои ги пресретнуваат секојдневно.