fbpx
Рицинусово масло

Рицинусово масло

900,00 ден

Рицинусовото масло има широка употреба во козметиката поради големата концентрација на витамин Е и рицинолеична киселина. Поради своите хидратантни својства тоа е идеално средство за нега на сува кожа и коса, кожа склона кон инфекции, како и зрела кожа (за намалување на брчките).

Главната одлика на рицинусовото масло е малата молекуларна тежина која овозможува лесно продирање во кожата. Поради тоа, ова масло е идеално за хидратација на кожата и косата бидејќи лесно навлегува во порите на кожата и коренот на косата. Со примена на рицинусовото масло ќе добиете длабинска хидратација на клетките.

Шифра: 1057

Рицинусово масло за нокти

Рицинусовото масло е идеално за нега на ноктите, бидејќи ги зацврстува кршливите нокти, го забрзува растот и ја негува кожата околу нив.

Во неколку лажички маслиново или бадемово масло додадете 10 капки рицинусово масло. Смесата ставете ја во стаклено шишенце. Со ова масло може да ги негувате ноктите по секое лакирање или секој ден.

Рицинусово масло за коса

Ова масло е вистински мелем за косата. Освен што влијае на целокупното здравје, неговата употреба ја подобрува структурата и го забрзува растот на косата. Исто така, рицинусовото масло се смета за најдобро природно средство за поттикнување на растот на косата, па дури и на места каде што не растела коса.

Одлично е и за елеминирање на проблемите со првутот, а со редовна употреба може да ја обнови оштетената коса предизвикана од фарбање. Омега 9 масните киселини со кои изобилува ова масло го хранат влакното однатре и му ја враќа природната влажност. Благотворно е и за темето кое исто така трпи последици од хемиските третмани.

Се препорачува да го нанесувате на коренот пред спиење. Вмасирајте го со нежни движења во кожата на темето, ставете пластична ќеса и следното утро измијте ја косата на вообичаен начин. Повторувајте го процесот сè додека не забележите подобрување на состојбата на косата.

Рицинусовото масло е и одличен регенератор за коса. Нанесете го по вообичаеното миење. Ова масло е многу густо, па доволно е да нанесете многу мала количина. По нанесувањето, замотајте ја косата во топол пешкир и оставете да отстои неколку часа. Потоа, добро исплакнете.

Рицинусовото масло и помага на косата на повеќе начини. Најпрво ја хидрира косата и скалпот. Бидејќи има силна впивачка моќ длабоко продира во нејзината внатрешност и така ги пренесува хранливите материи и минерали. По третманот со рицинусово масло косата ќе биде поздрава и помека.

Рицинусово масло за кожа

Рицинусовото масло ја негува кожата, а поради високото количество на витамин Е помага при разни кожни заболувања како што се габичните инфекции на кожата. Одлично е и како дезинфекциско средство, за помали повреди на кожата (гребаници, убоди, исеченици…). Со директно нанесување на отворена рана делува антимикробно, т.е. го намалува чешањето и болката.

Исто така, може да се употребува како природен отстранувач на шминка. Освен тоа што не содржи никакви иритирачки и штетни супстанци за кожата, истовремено ја негува. Покрај тоа, маслото може да го забрза растот на трепките.

Пакување: 100мл