Тинктура од куркума
800,00 ден
Куркумата е еден од најмоќните природни лекови. Активната медицинска состојка во куркумата се нарекува куркумин.
Одамна е познато дека куркумата има антиинфламаторно својство, но неодамнешните истражувања покажуваат дека куркумата е вистинско чудо на природата.
Потврден е благотворниот ефект на куркумата кај многу заболувања од карцином до Алцхајмерова болест.
Во ајурведската медицина, куркумата одамна е позната како растение кое го зајакнува и го храни телото.
Шифра: 1022
Куркумата е еден од најмоќните природни лекови. Активната медицинска состојка во куркумата се нарекува куркумин.
Одамна е познато дека куркумата има антиинфламаторно својство, но неодамнешните истражувања покажуваат дека куркумата е вистинско чудо на природата.
Потврден е благотворниот ефект на куркумата кај многу заболувања од карцином до Алцхајмерова болест.
Во ајурведската медицина, куркумата одамна е позната како растение кое го зајакнува и го храни телото.
Куркумата се користи за:
- зајакнување на варењето на храната
- реставрација на цревната флора
- намалување на надуеност
- чистење на црниот дроб и жолчното кесе
- нормализација на менструацијата
- намалување на воспаление кај артритис
- прочистување на крвта
- стимулирање на работата на метаболизмот
- проблеми со кожата
- респираторни проблеми
- против габи и бактерии
- против цревни паразити
Кај нас куркумата беше целосно непозната се до доцните години на 20 век.
Сепак, истражувањата сè повеќе го откриваат медицинскиот состав и дејството на куркумата. Овој зачин станува сè попопуларен не само во кујната, туку и како додаток во исхраната.
Во однос на хранливата вредност, куркумата е богат извор на железо, манган, витамин Б6, диетални влакна и калиум.
Резултатите од бројните студии покажуваат дека куркумата е ефикасна во лекување на артритис, дерматитис и егзема, металоиди, инфекции, чиреви, бубрези и жолчни камења.
Заштитува од многу видови на карцином.
Една од најважните карактеристики на куркумата се нејзините различни антиканцерогени ефекти. Ова се верува дека се должи на неговите антиоксидантни, антиинфламаторни и имуностимулирачки својства.
Куркумата е најефикасна во спречувањето на карцином на јајници.
Исто така е корисна за жените во менопауза кои земаат додатоци на хормони, за да го намалат ризикот од карцином на дојка.
Други истражувања покажуваат дека куркумата помага во спречување на рак на дебелото црево и простата и спречува леукемија кај деца.
Ефикасно помага при ревматизам и артритис
Поради своите антиинфламаторни својства, куркумата често се користи во природни производи за лекување на артритис.
Некои билки се поефикасни од конвенционалните лекови за артритис, а куркумата е една од нив.
Куркумата го има докажано своето антиинфламаторно дејство во бројни студии. Куркумин – главната активна состојка во куркума – ефикасно ја олеснува утринската вкочанетост и отокот на зглобовите.
За разлика од конвенционалните лекови за артритис, куркуминот не предизвикува голем број на несакани ефекти. Тоа е природно и безбедно.
Куркумата делува и како лек за болка и воспаление. Студиите покажуваат дека таа го спречува производството на ензими Cox-2, причина за болка и воспаление кај артритис.
Помага при холестерол, шеќер и габи.
Во другите студии, се покажува дека куркуминот е ефикасен во намалувањето на холестеролот и шеќерот, спречува згрутчување на крвта, металоиди и заштита на црниот дроб од штетни материи.
Куркуминот исто така може да претставува природна терапија за воспалителни заболувања на цревата, како што се Кронова болест и улцеративен колитис.
Куркумата се смета за еден од најсилните природни антибиотици, но за разлика од другите антибиотици кои ги уништуваат добрите бактерии и флората на цревата, помага да се развијат добри бактерии.
Освен внатрешните проблеми, куркумата е одлична и за лекување на проблеми со кожата како дерматитис, егзема и псоријаза.
Поради своето антисептичко дејство, може да се користи во преливи за рани и изгореници и против опасни инфекции со Staphylococcus aureus.
Исто така, треба да се спомене и неговата моќна антифунгална акција, особено во случајот со кандида.
За да спречите ширење на кандида, користете куркума орално (во форма на тинктура и локално – во форма на паста направена од лажичка куркума и малку вода) .
Во Индија, куркумата се користи и за нега на кожата. Куркумата ја прави кожата чиста, мазна и свежа. Затоа, традиционално се користи за разубавување на невестата пред свадба.
Затоа и ние ја користиме во многу наши козметички и лековити производи како што се путерот за тело и лице со куркума и додаток на коноп, балсамот за лице и тело со додаток на коноп, ја има во нашето масло против егзема и псоријаза, во нашите ајурведски пасти со мирис на минт и цимет и портокал и кардамом, исто така имаме и рефус куркума зачин.
Куркумата исто така многу помага при депресија.
Пакување: 30мл
Начин на конзумирање на тинктурата од куркума: 30 капки (1.2мл) се раствараат во 100мл вода. Се препорачува да се испијат 10-15 минути пред јадење.
Дневна препорачана доза е 3.6мл.