#Udvartana, ајурведската масажа носи голем број здравствени придобивки и се користи за отстранување на #ама (дигестивни токсини) од телото и за подмладување на телото.
На санскрит, зборот Удвартана значи „суво четкање“, а оваа едноставна техника за сува масажа со лековит прав се користи илјадници години во ајурведа.
Во ајурведските клиники овој третман се користи како дел од #vishesha – спортска масажа, но може да се примени и самостојно.
Лимфната масажа ослободува голема количина акумулирани токсини од организмот, ја разбива поткожната маснотија, ги израмнува стриите на телото, го прочистува црниот дроб, ја алкализира крвта и ја чисти кожата така што лековитите масла и зачини за масажа полесно можат да навлезат во кожата и длабоко да ја негуваат.
Луѓето со #Кафа доша имаат корист од секојдневната примена на удвартана.
Кај #Пита доша типовите се препорачува за 4-5 пати неделно, а типови вата – 2-4 пати неделно.
Ако кожата е сува (особено кај типови #вата), се препорачува да се направи претходно #абјанга – маслена масажа затоа што ја смирува #вата дошата, ја храни сувата кожа и нервниот систем.
Предности од лимфниот третман:
ја освежува и стимулира циркулацијата на крвта
го зголемува протокот на крв на површината на телото
ги храни поткожните ткива
го зголемува тонусот на мускулите
го чисти црниот дроб
преку лимфата ги елиминира токсични материи од телото
го подобрува имунитетот
ги отстранува блокадите
балансира хормони
ја подобрува будноста и концентрацијата
го храни умот и нервниот систем
го подобрува изгледот на кожата
ги разложува депоатана масните ткиво и наслаги
се разбива целулитот
Удвартана особено се препорачува за лица со бавен метаболизам, прекумерна телесна тежина, слаба циркулација и симптоми на акумулирана ама (токсин) во организмот.
Исто така се користи во секојдневните ритуали за убавина за свиленкаст сјај на кожата. Ги отстранува мртвите слоеви на кожата и ја прави еластична, мазна и сјајна.
Праксата покажува дека со практикување на 14 третмани доаѓа до природно намалување на 6 килограми.
Овој третман се препорачува при процесите на детокцикација на организмот.




0 Comments