fbpx
Заприја ја кашлицата со ајурведски сируп
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Заприја ја кашлицата со ајурведски сируп

Заприја ја кашлицата со ајурведски сируп

by | Мај 28, 2020 | 0 comments

Ајурведска класична формула за респираторно здравје

Класичната ајурведска формула за здрав респираторен систем содржи ѓумбир, темен шеќер или мед и комбинација на билки како ѓумбир, долг црн пипер (пипали), кардамон и цимет.
Ако во него се додадат црн пипер и куркума, тогаш оваа формула го балансира природното производство на слуз, ги намалува акутните иритации и сувоста во грлото и градите и го зајакнува респираторниот систем и имунитетот.
Ѓумбирот, познат во Ајурведа како „универзален зачин“, куркума и сите состојки во формулата се надополнуваат едни со други и ги подобруваат неговите лековити својства и имаат силен антиоксиданс ефект.
Тие го зајакнуваат имунолошкиот систем и епителната обвивка на респираторниот и дигестивниот систем со што се поддржува здрава мукозна средина која поддржува корисни бактерии.
Ајурведскиот сируп против настинка и сува кашлица.

Рецепт

Органскиот мед се користи како основа за овој едноставен сируп.
Ако користиме суви состојки /зачини/  во медот, користиме двојна доза мед.
Во овој случај, сирупот може да се направи во поголеми количини и да се користи во рок од една недела.

Состојки:

    1 лажица свеж сок од ѓумбир (или 1 лажичка ѓумбир во прав)
    1 лажица мед
    2 парчиња свежо мелен црн пипер
    1 лажичка куркума
    1 лажичка цимет
    ½ лажичка зелен кардамон

Подготовка:

Исцедете го сокот од свеж ѓумбир и измешајте во еднаква количина мед.
Додадете ги преостанатите зачини и измешајте сè добро и чувајте во стаклена тегла.

Дозирање:
Користете 1 лажичка сируп 3-4 пати на ден, особено за сува кашлица и болно грло, сè додека симптомите не престанат.

Сите потребни состојки за овој рецепт можете да ги набавите кај нас.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...