Начинот на кој живееме е причина да изгледаме постари одошто навистина сме, а уште повеќе и да се чувствуваме така.
Американката Мишел Пернета е јога инструкторка, која живее во Лондон со своето семејство. Пред да стане позната јога инструкторка, нејзина голема љубов и преокупација, таа била модно лице на познатите модни куќи од својата најмала возраст.
Таа ни открива како да изгледаме убаво и да се чувствуваме млади и убави и по шестата деценија од животот.
Еве ја нејзината тајна
Редовно практикување јога, техники на дишење, ајурведски третмани и магично лековито масло со куркума и коноп
„Најпрвин се обидов со хемиски пилинг и не ми се допадна, а лицето ми се лупеше со денови потоа”. Сега, користам исклучиво природни третмани за лице во локалниот ајурведски центар. Омилена ми е #Абјанга масажата со затоплено лековито масло. Се работи за древна техника, а маслото помага во отстранување на сите токсини од телото и кожата. Правете го ова на неделно ниво и што почесто. Јас најчесто се третирам со масло од сусам, кое најмногу одговара на мојата #доша. Мојот тарапевт длабоко го втртива врз мојата коса, тело и лице и најчесто го оставам маслото да отстои врз мене што подолго. Не само што масажата ме релаксира, туку добра е за зглобовите, добивам подобар фокус и бистрина на умот, а маслото длабоко ми ја хидрира кожата, скалпот и косата. Со редовното практикување на третманите ги пребродела и најтешките заболувања, а фибромијалгијата станала нејзино минато. Класичните лекови ги исфрлила сосема од употреба, а нејзината апотека ја исполнила со ајурведски билни суплементи. Таа советува да внимаваме на белата полумесечина на дното на ноктите која се нарекува „lunula“ или мала месечина – видливот дел од коренот на ноктот кој е многу важен за здравјето. Таа советува дека не смее да се оштети, затоа што така цел нокот може да остане трајно деформиран. Ако го оштетите само остатокот од нокотот и тој падне, lunula-та останува недопрена и на своето место.
Според ајурведа, lunula-та претставува показател за „агни“ /дигестивен оган/, при што нејзиниот недостаток значи дека имате слабо варење и слаб метаболизам.
0 Comments