fbpx
Шеа путер за помлада и поубава кожа
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Шеа путер за помлада и поубава кожа

Шеа путер за помлада и поубава кожа

by | Јун 1, 2020 | 0 comments

Шеа путерот се добива од плодовите на шеа дрво кое природно расте во Африка во зоната помеѓу Нил и Сенегал. Плодовите од него се уште се собираат рачно во месеците март и април, се сушат и рачно се толчат со цел да се добие чист и природен производ односно шеа путерот. Овој путер содржи состојки кои одлично ја оддржуваат еластичноста на кожата и е богат со витамините А, Б, Е, Ф. Самото дрво се нарекува “дрво на здравје и младоста“ токму поради тоа што шеа путерот придонесува за помлада, поздрава и поубава кожа.

Африканските жени кои се познати по меката, свиленкаста и мазна кожа, со генерации го употребуваат овој путер како единствена состојка за нега на кожата, не само за да ја оддржат кожата поеластична, туку и за да ги намалат штетните ефекти на сончевите зраци. И навистина скоро сите органски креми за заштита од сонцето покрај физичките филтри обавезно употребуваат и шеа путер токму поради оваа причина.

Шеа путерот спаѓа во некомедогени масла, поточно путери, не ги запушува порите и затоа може да се употребува и за нега на кожата на лицето.

Придобивки од ШИ/ШЕА путерот:

  • Ја омекнува и хидратира кожата и спречува нејзино пукање (особено во зимскиот период, во летниот период штити од негативните UV зраци)
  • Ги намалува иритираноста и црвенилото на кожата
  • Ја смирува кожата при изгореници
  • Ја враќа еластичноста на кожата
  • Спречува појава на акни, брчки и стрии
  • Помага при обновување на кожата и отстранување на флеки
  • Помага против перутање на кожата
  • Oдличен е и за нега на суви и испукани пети
  • Помага при осетлива кожа, егзема и дерматитис
  • За нега на косата ( како маска / за суви и испукани врвови)
  • Мажите можат да го користат како крема за после бричење.

Шеа путерот е една од најзастапените состојки во нашите производи. Можете да го најдете во Ајурведскиот органски балсам со додаток масло од коноп, ајурведскиот путер за лице и тело со додаток на масло од коноп, ајурведскиот путер за лице и тело, ајурведскиот сапун за нега на лице и тело, природниот дезодоранс за под пазуви, балсамот за брада со мирис на портокал, балсамот за брада со мирис на ванила, кремата за нега на раце со лаванда и ванила,  лабелото за усни, сапунот за брада и лице со мирис на портокал и сапунот за брада и лице со мирис на ванила.

Не двоумете се, нарачајте веднаш некој од нашите производи и искусете ги огромните придобивки на овој прекрасен природен путер.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...