Најновите истражувања покажуваат дека секој трет човек на земјината топка има проблеми со дишењето.
Респираторните алергии се случуваат во контакт со алерген (прашина, полен, честички, смог, загадувачи, хемиски соединенија и други животински поттикнувачи.) Главните симптоми на овој респираторен проблем е назално чешање, прекумерно сливање на носна слуз, често кивање, кашлање, отежнато дишење. Респираторни алергии се манифестираат како алергиски ринитис (течење на носот) и атопична бронхијална астма. Проблематичните алергиски дишни патишта се погодена средина за населување на бактерии, мувли и други микроорганизми и на тој начин се зголемува проблемот. Потоа најчесто прераснува во хроничен бронхитис од кој страда целото тело и сите функции на телото. Ајурведата има одговор на ваквите случувања со здравјето.
Еве неколку ајурведски совети за олеснување на синузитис:
пијте поголеми количини топла вода со додавање на цимет и црн пипер
јадете колку што е можно повеќе лук и ѓумбир
консумирајте свежо подготвена, топла и лесно сварлива храна, како и свежо овошје и зеленчук
избегнувајте тешка, мрсна и ладна храна, сладолед, чоколадо, ладна вода, кафе и алкохол
дозволете си доволно часови спиење и одморете се и спијте на страна, на перница – ова ќе спречи акумулација на слуз во носните и синусните канали.
Насја третманот вклучува масажа на глава и рамена, допир на марма точките на главата, третирање на дишните патишта и синусите со примена на билни и етерични масла на
ноздрите.
Насја масло ги прочистува синусите и дишните патишта, делува против воспаленијата, го смирува умот, ја подобрува меморијата и концентрацијата.




0 Comments