fbpx
Кажи стоп на забоболката со Суданта
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Кажи стоп на забоболката со Суданта

Кажи стоп на забоболката со Суданта

by | Јун 8, 2020 | 0 comments

Зошто да ја користиме ајурведската пастата за заби Суданта и кои се бенефитите?

Судантата е  создадена од целосно природни билки, не содржи штетни хемикалии, ниту пак вештачки бои и вкусови, и што е најважно не содржи флуориди! Неодамнешните студии откриле дека флуоридите предизвикуваат расипување на забите, познато како забна флуороза и тоа најчесто се случува кај децата. Не е изненадувачки, бидејќи самиот флуор има корозивни својства. Освен ова, внимателни и детални студии, исто така, го поврзаа флуорот со други заболувања како остеопороза, проблеми со тироидната жлезда, ендокрини проблеми, па дури и со одредени видови на рак. Со толку познати штетни ефекти, не е изненадување што многу земји во Европа веќе ја забранија употребата на флуоридите!

Судантата го одржува вашиот здив свеж, ги штити и ги спречува заболувањата на непцата и забите, при што  непцата и забите стануваат поздрави. Многу е ефикасна за забоболка, забен кариес, крварење на непцата, расипување на забите и лош здив. Според ајурведата, Кафа дошата е коренот на забните проблеми и треба да биде избалансирана за доброто здравје на забите. Ајурведата, исто така, вели дека најефикасните состојки за забите се оние со горчлив и адстрингентен вкус, како каранфилче и црн пипер. Оттаму и Судантата е направена на таа основа, содржи каранфилче, цимет, црн пипер, бакул и мајафал. Целокупните придобивки за забите и непцата се:

Антибактериски: нашата уста е дом на милијарди бактерии, вируси, габи и други паразити и токсини. Каранфилчето помага во отстранувањето на овие бактерии и нивните отпадни производи. Друг метод за отстранување на овие штетни бактерии е преку едноставен метод наречен масло за влечење (гаргарање и плукање топли масла како што се масло од каранфилче и масло од кокос).

Здрави непца: Црниот  пипер помага да се отстрани лошиот здив и исто така е многу ефикасен при проблеми при крварење на непцата.

Забоболка: Циметот заедно со маслото од каранфилче е многу корисен против забоболка. Циметот исто така обезбедува добар вкус и има антиинфламаторни својства.

Другите состојки на Судантата – бакул и мајафал – помагаат во зацврснување на непцата и забите. Даваат долготрајна свежина во текот на денот.

SUDANTA Ајурведска паста за заби

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...