fbpx
Како успешно да се „преживее“ изолацијата
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Како успешно да се „преживее“ изолацијата

Како успешно да се „преживее“ изолацијата

by | Јун 8, 2020 | 0 comments

Поздрав на Сонцето и бенефити од практикување

Јогата и ајурведата се две сестрински науки и филозофии.

Со векови, луѓето од сите цивилизации нуделе молитви кон Сонцето – крајниот извор на живот и енергија. Сурја Намаскар или Поздрав на Сонцето е древна техника за оддавање почит на Сонцето. Со 12 различни пози, тоа е форма на изразување благодарност до овој извор на целиот живот на Земјата.

Древните индиски мудреци велеле дека различни енергии управуваат со различни делови од телото. На пример, сончевиот плексус што се наоѓа зад папокот е поврзан со Сонцето. Редовната практика на Сурја Намаскар ја подобрува големината на сончевиот плексус. Ова, пак, ја зголемува креативноста, интуитивните способности, донесувањето одлуки, доверба и лидерски вештини.

Изведувањето на Сурја Намаскар во различни делови од денот различно влијае на телото. Сепак, најдобро е да се направи на изгрејсонце. Тогаш сончевите зраци помагаат во будење и заживување на телото и освежување на умот. Ако се практикува пак напладне, тогаш се енергизира вашето тело веднаш, додека кога се прави на зајдисонце, тогаш телото се зајакнува.

Може да се изведува во три брзини, при што секое темпо има различно делување. Па така, бавното темпо ќе помогне вашето тело да стане флексибилно, средното темпо ќе помогне за подобрување на мускулниот тонус, додека пак брзото темпо делува како одличен кардиоваскуларен тренинг и помага при губење на тежината.

 

Придобивките од практикувањето Поздрав на Сонцето.

Придобивките од Сурија Намаскар се многубројни. Помага во подобро функционирање на целото телото и менталните функции.

Еве некои од придобивките:

• Асаните се добар спој за загревање.

• Ви помага да се одржите без болести и здрави.

• Редовната практика го балансира телото.

• Ја подобрува циркулацијата на крвта.

• Го зајакнува срцето.

• Ја поттикнува работата на дигестивниот тракт.

• Ги стимулира стомачни мускули, респираторниот систем, лимфниот систем, ‘рбетниот нерв и други внатрешни органи.

• Го подобрува мускулниот тонус на ‘рбетот, вратот, рамениците, рацете, зглобовите, грбот и нозете, со што се подобрува целокупната флексибилност на телото.

• Психолошки, ја регулира меѓусебната поврзаност на телото, здивот и умот, со што ве прави посмирени,  го зголемува нивото на енергија и го  изострува умот.

 

Напомена: Доколку немате претходно знаење за овој сет на вежби, не го практикувајте самостојно. Побарајте помош од сертифицирани јога инструктори.

 

ШРИ ШРИ ЈОГА

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...