fbpx
Зошто да практикуваме хормонална јога?
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Зошто да практикуваме хормонална јога?

Зошто да практикуваме хормонална јога?

by | Јун 10, 2020 | 2 comments

Редовното практикување хормонална јога влијае на најмалку 7 важни хормони во телото

Умот е одговорен за нашите мисли и делување, а со влијаеме на работата и регулирање на телесните функции, а тогаш хормоните ја имаат главната улога.

Ендокриниот систем – влијае на работата на жлездите со внатрешно и надворешно лачење.

Веруваме знаете за важноста на: естроген и тестостерон, основните женски и машки полови хормони.

но има и многу други важни хормони во телото:

Тироидни хормони

Ги нарекуваат калибратор на сите функции во телото како на пр: апетит, ниво на енергија, болна менструција, а се извор на ендокрини пореметувања кај жената.

Доколку вашата штитна жлезда произведува повеќе тироиден хормон, ќе бидете нервозни, ќе имате зголемен апетит, или тахикардии на срцето.

Ако лачењето на овој хормон е намалено, тогаш сѐ е побавно – нивото на енергија паѓа, а менструалниот циклус може да биде подолг и потежок.

Прогестерон

Заштитник на бременоста. Овој хормон помага при забременувањето. Прогестеронот значително расте и се намалува за време на менструалниот циклус.

Компликации за време на бременоста, нередовна менструација, како и ниска енергија или зголемување на тежината, се проблеми кои може да ги предизвика овој хормон.

Мелатонин

Овој хормон влијае на спиењето, како и на апетитот и нивото на енергија. Веројатно ќе се чувствувате поспано во текот на денот, а навечер кога вашето тело треба да биде подготвено за спиење, ќе бидете полни со енергија.

Редовен сон и распоред на будење и исхрана, можат да помогнат нивото на мелатонинот да се врати во нормала.

Паратироиден хормон

Го зголемува нивото на калциум и фосфор во организмот, ја зголемува ресорпцијата на калциум во бубрезите и во цревата (преку витамин Д3) и го зголемува излачувањето на фосфор преку бубрегот.

Ниско ниво на паратироиден хормон предизвикува грчеви во рацете или нозете, неправилна работа на срцето, додека пак дехидратацијата, камен во бубрегот и остеопорозата се знаци за зголемено ниво на овој хормон.

Кортизол

Познат е како хормон на стресот, а влијае на меморијата, го контролира нивото на шеќер во крвта, одржува рамнотежа на сол и вода и ги поттикнува или ограничува процесите на воспаление.

Црвенило на лицето, губење на коса, влакна на лицето, остеопороза, како и проблеми во текот на менструацијата, се знаци дека нивото на кортизолот е нестабилно.

Грелин

Хормонот на апетит или глад, ви кажува дека е време за создавање дигестивни киселини и сокови кои овозможуваат разградување на храната која ја јадете.

Вишокот на грелин во крвотокот влијае на прејадувањето, а недостатокот на сон и зголемениот стрес може да го намалат нивото на грелин.

Инсулин

Им овозможува на мускулните клетки, масното ткиво и црниот дроб да ја апсорбираат глукозата која циркулира во крвта.

Преголемо или премало ниво на инсулин, може да ја наруши способноста на телото да управува со нивото на глукоза во крвта, што може да доведе до зголемена жед, зачестено мокрење или чудни дамки на кожата, а потоа може и да премине во дијабетес тип 1 и тип 2.

Затоа не двоеумете се веднаш да го посетите семинарот за Хормонална јога единствен од ваков вид кај нас.

#Online СЕМИНАР ХОРМОНАЛНА ТЕРАПЕВТСКА ЈОГА

2 коментари

  1. Ирена Велкова

    Комшо Соња сакам и јас пошто сум хормонално пореметена😜

    Reply
    • admin

      Ирена, секогаш си добредојдена 🙂

      Reply

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...