Пролетта е период кога многу луѓе, наместо да уживаат во прекрасниот пролетен мирис, липите и другите цвеќиња се нивниот најголем непријател. Ги мачи алергија со која многу тешко се справуваат. Носот постојано тече, очите солзат, тешко се дише, синусите забрзано работат…вели истаканатиот ајурведски лекар др.Авишек Мишра кој долги години престојува во Македонија.
– Избегнувајте храна која ја зголемува кафата, како што е млекото, јогуртот, сладоледот, конзумирање ладни напитоци и пиво, посебно навечер
– Одржувајте го имунитетот на високо ниво. Сите сезонски овошја се одлични за одржување на имуниот систем. Исто така, Амлата го одржува имунитетот на завидно ниво. Кога имуниот систем е одличен, тогаш телото полесно се справува со алергиите и може да толерира се што се случува околу, па дури и воспаленијата на синусите се во многу помала изразена форма.
– Уште една ефикасна работа која се препорачува во борбата со сезонските алергии е ставање масло во носот, наутро. Се препорачуваат неколку капки во ноздрвите наутро, веднаш по миењето заби. Ова масло навлекува длабоко во носот и во мукозната мембрана и дозволува оваа мукозна мембрана да ги толерира сите сезонски промени и поленот, па така поленот нема да ве иритира и нема да настане инфекција. Па дури и ако претходно нешто е наталожено во мукозната мембрана, со помош на маслото ќе излезе. За оваа намена посебно е ефикасно и се препорачува Насја маслото, произведено од чисто природни компоненти.
– Друга препорака на ајурведата е инхалација со пареа. Кога синусите ви се блокирани, ви тежи главата и не можете да земете здив, ставете неколку капки масло од еукалиптус и правете инхалација. Пареата навлегува во ноздрвите и ги отвора синусите. На тој начин ќе се олесни дишењето и ќе се намалат симптомите.
0 Comments