21-ви јуни е летен солстициј односно најдолгиот ден во година и денот со кој започнува летото. Зборот „солстициј“ доаѓа од латинскиот јазик и означува период во годината кога Сонцето како привидно да застанува на небото.
Како што веќе знаете утре (недела) 21 јуни 2020 од 06:45 до 10:02 часот ќе има затемнување на сонцето. 🌓
Во ова време не се препорачува патувања, да не се биде на отворено и гледање на самото затемнување. Дури не се препорачува и готвење храна и земање храна во овј период.
Но, ова е совршено време за позитивни мисли, донирање, молење, а особено медитација и јога практики.
Овој период е корисно да се искористи за практицирање на своја духовна практика, бидејќи во моментот на затемнувањето, ефектот на медитација и јога практиките е поголем. 🥳
Меѓународен ден на јогата
Од Вардар па до Триглав
Недела, 21 јуни 2020
Онлајн програма:
16:00 – Свами Џотирмаја,
Демонстрација на асани.
Прашања и одговори за јогата.
17:30 – Сатсанг, танц и песна
Што ви е потребно?
-Стабилна интернет врска.
-Да симнете ZOOM апликација на вашиот уред.
-Удобна простирка дома, или во трева и
-Добро расположение 🙂
Бројот на учесници е ограничен на 500 учесници.
Ве молиме своето присуство најавете го навреме на artoflivingmacedonia@gmail.com за добивање на линкот за учество на оваа манифестација.
За активно учество на овој настан најавете се на следниот линк, ве молиме најавете се 10-тина минути порано: https://zoom.us/j/94304554415
Дополнителни информациирации:
070358871
070358455
0 Comments