ОВОЈ ВИКЕНД СЕ ОДРЖУВА РАБОТИЛНИЦА ЗА ХОРМОНАЛНА ТЕРАПЕВТСКА ЈОГА!!!
Оваа јога е специјално дизајнирана серија на динамични асани, пранајами, визуелизација- јога нидра и тибетански енергизирачки техники, кои заедно го активираат произвотството на хормони и следствено ги враќаат хормоналниот баланс. Наменета за жени со секаков вид на хормонални нарушувања и заболувања, како што се менструална болка, ПМС, болки во зглобовите, мигрена, остеопороза, зголемена телесна тежина и емоционална нестабилност за време на хормоналните промени. Типични несакани ефекти на менопауза како што се топло ладни бранови, нарушено спиење, депресија, раздразливост, кршливи нокти и тенка коса можат да се ублажат или целосно да исчезнат. Покрај здравствените придобивки, хормоналната јога овозможува на жената во периодот на хомонален пресврт да го одджи својот младешки изглед што е можно подолго. Со еден збор хормонална терапија, без несакани дејства. Овој природен холистички метод беше развиен од Дина Родригез, од С.Паоло Бразил, филозоф и психолог,сега 93- годишна жена, која сеуште е активна и е член на Меѓународната асоцијација на учители по јога и почесен член на Светскиот јога совет.
Термин на одржување:
03 Јули 2020 (петок) 16:00 – 19:00 часот
04 и 05 јули 2020 (сабота и недела) 09:00 – 12:00 часот
Место на одржување: Online ZOOM апликација
Важна забелешка: Присуството е задолжително во текот на целата работилница; Цената на 3 дневната работиница изнесува 2.000,оо денари. Цената за студенти и оние кои сакаат да повторуваат, изнесува 1.250,оо денари.
Интересот потврдете го со испраќање на пријава и уплата на сметката при НЛБ Банка 210072242810160. Работилницата ќе ја води Биби @anabibi888 Меѓународен јога инструктор. 070358871 071268337
Потребно е да имате на себе удобна облека и, шише со вода или термос со топла напивка и голема насмевка ..
Ве молиме оваа информација проследете ја до сите оние на кои што мислите дека им е потребна или недостапна.
Пријавувањата се во тек и можете да ги извршите: 071268337 По завршувањето на овој семинар овозможивме редовно практикување и јога часови.
0 Comments