Како што веќе напоменавме, пред да започнете со користење на природен дезодоранс за под пазуви треба да се направи детокс.
Ќе прашате зашто? Затоа што под пазувите веќе имаме насобрано голема количина на отровни супстанци како што се: алуминиум, парабени, пропилен гликол и многу други кои ги содржат конвенционалните дезодоранси и други канцерогени заболувања.
Знаците кои укажуваат дека треба да се направи детокс под пазувите се: лошата миризба, црвенила, раздразливост, пецкање или болка, туморозни формации, чиреви, гнојни апцеси, ранички и така натаму
Дури и кога мислите дека не ви е потребен детокс, ви советуваме да го направите.
Еве што ви е потребно:
➡️ 1 супена лажица бентонит глина (без парабен)
➡️ 2 мали лажички јаболков оцет
Во мал сад измешајте ги глината и оцетот, користете дрвена шпатула или пластична лажица (никако метал) и мешајте се додека не добиете смеса како паста. Потоа намачкајте ја пастата под пазувите и оставете ја 5 до 10 минути (започнете со 5 минути). Потоа измијте ја пастата или пак правете го детоксот пред туширање.
После туширањето доколку имате можете да ги испрскате пазувите со алое спреј (ова не е задолжително) но секогаш кога правите било каков детокс пијте големо количество на вода за да може вашето тело да се исчисти побрзо.
Овој процес на чистење треба да се повторува се додека не престане лошата миризба или се додека ги снема веќе наброените симптомите од од под пазувите.
Препорачливо е овој процес да се прави не повеќе од 2 до 3 пати неделно.
Сега откако направивте чистење на пазувите можете без никаков проблем и грижи да се префрлите на природните дезодоранси и да му дозволите на вашето тело нормално да дише.
И не заборавајте, дезодорансот е лично ваш и не смеете да го делите со ниту еден член на семејството.
Начин на користење: веднаш по туширање премачкајте ги пазувите директно со бар дезодорансот. Пазувите треба да се влажни за да може полесно да го аплицирате дезодорансот.
Дезодорансот чувајте го секогаш завиткан во проѕирна најлонска фолија или стаклен сад.
0 Comments