Што ви советува ајурведата во време на пандемија?
Златното млеко е пијалок кој храни, смирува емоции, стимулира елан, дава енергија и дава чувство на спокој и задоволство (мелем за тело и душа). Поттикнува здравје и виталност, ги зајакнува коските и го подобрува варењето #Агни. Активната компонента во куркума е куркумин, кој има антиоксидантно и антиканцерогено дејство. Заштитува од срцеви заболувања и е еден од најсилните природни антибиотици. Друга важна состојка што ја додаваме во „златниот пијалок“ е црниот пипер. Тој го загрева телото и ги подобрува терапевтските својства на куркумата. Златното млеко, благодарение на куркумата во комбинација со црниот пипер, исто така, има антиинфламаторно дејство. Во Ајурведата, пијалокот се користи при ревматски заболувања, го смирува воспалението и отокот на зглобовите и го зајакнува и штити коскеното ткиво.
Подготовка за едно лице:
✅ 1 чаша кравјо млеко, 2 дц (кравјо млеко може да се замени со бадемово млеко)
✅ 1 лажичка #Ги /како да го направите кликнете тука/
✅ 1/3 лажичка куркума
✅ Прстофат црн пипер
✅ Засладувач (јаворов сируп или шеќерна трска) по желба
Го ставаме млекото на оган, додаваме масло и зачини да се стопат во топлото млеко. Постојано промешуваме додека млекото не зоврие. Го отстрануваме млекото од топлина и додаваме слад по наш вкус. Уживајтее во топлиот напиток. Многу важно за здравјето на вашето тело, психа и емоции е златното млеко да се пие пред спиење.
Квалитетна куркума можете да најдете кај нас.
0 Comments