𝑵𝒂𝒔𝒚𝒂 👃🏽 – Ајурведските носни капки кои се аплицираат помогаат да се ”подмачка” носот одвнатре, да се исчистат синусите, грлото, внатрешното уво, да се подобри видот и менталната јасност. Во ајурведата, ова е секојдневна пракса, а овој метод, е дел кој претставува една од 5-те практики за длабинско чистење на организмот (панчакарма). Во ајурведата носот е директен влез кон мозокот, така што со #nasya ја поттикнуваме праната (нашата животна сила) и ја подобруваме интелигенција и меморијата.
Ова масло е создадено од голем број ладно цедени масла и во комбинација со ајурведски билки кои вршат природна дезинфекција на дишните патишта во време на настинки, грипови и вируси.
За лесна апликација, легнете на грб со перница под рамената, така што вашата глава природно да се навали наназад. Потоа нанесете 3-5 капки масло во секоја ноздра. Осигурете се дека маслото што го користите не е студено и потоа лесно измасирајте ги вашата ноздри. Препорачливо е пред тоа да се измијат носниците со специјален ајурведски сад и третман /прочитајте тука/
Бидејќи Corona Virus 🦠 го напаѓа респираторниот систем, уште поважно е да ги одржуваме чисти дишните патишта и синусите, добро подмачкани за да спречиме туѓи предмети и организми да влезат во нашето тело и да се населат.
Па кој е подготвен да го испроба денес Насја маслото?!
0 Comments