fbpx
Чувствуваш осаменост и изолација?
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Чувствуваш осаменост и изолација?

Чувствуваш осаменост и изолација?

by | Јул 9, 2020 | 0 comments

Ајурведата вели дека со практикување јога, ајурведска исхрана, ајурведските третмани и суплементи и есенцијални масла може да се
одржувам во одлична форма Анахата чакрата, што е од есенцијално значење за беспрекорно
функционирање на телото.

Срцевата чакра се наоѓа во средишниот дел од телото, помеѓу трите долни и трите горни
енергетски центри(чакри). Правилно функционирање на оваа чакра овозможува енергијата
непречено да тече низ нашето тело од долу, долните чакри кои не поврзуваат со физичкиот,
материалниот свет, па се до горе, горните енергетски чакри кои ни овозможуваат увид, мудрост и
врска со универзумот, духовниот свет, божественото.
Анахатата се означува со зелена боја, а самиот збор на санскрит значи недопрен.
Кога сме емотивно повредени, тажни или имаме чуство дека не сме сакани, тогаш природно паѓа
енергијата во овој енергетски центар. Но, колку и да сме емотивно повредени и нашето срце е
„скршено“, секогаш има дел од нас што останува недопрен и целовит. Никој неможе да ја убие
љубовта во нас, во тоа е моќта на анахарата. Оваа енергија најлесно и најбрзо може да се
регенерира, да се обнови и да имаш чувство дека леташ. Елемент на оваа чакра е етерот. Овој
елемент симболизира прана, животна енергија, симболизира високи чувства и допири.

Познато е дека јогата на брз и едноставен начин го враќа телото во баланс.

Ви предлагаме една јога вежба за подобрување на оваа состојба.

Позиција на камила (ustrasana)

Седнуваме на вашите потпетици, а потоа ги подигаме колковите и ги исправаме напред. Ги
зафрламе рацете назад, така што дланките ги потпираме на нашите петици.
Со секој здив, ги отвораме градите и срцето сè повеќе и повеќе.
Ја наведнуваме главата малку назад. Остануваме во оваа позиција најмалку 5 вдишувања и
издишувања, а потоа полека се враќаме во почетната положба и седнуваме на нашите потпетици.

Практукувајте секој #СекојДенОнлајнЈога

 

Онлајн јога часови

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...