Како, според Ајурведата, да се излечат мигренозните главоболки
Препораки и совети од д-р Авишек Мишра кој ќе врши пулсова дијагностика во Македонија од 31 јули до 3 август 2020
„Мигренозните болки се чувствуваат на едната страна и започнуваат од една точка, а потоа се шират низ целата страна на главата. Тоа се многу силни главоболки пропратени со мачнина, повраќање, не толеранција на светлина и на звук. Траат со часови и со денови и се појавуваат во интервали. Оние кои имаат вакви главоболки, најчесто земаат апчиња за намалување на болката или некои други дополнителни апчиња. Јас ќе ви препорачам неколку совети, кои на природен начин, ќе ви помогнат да се олеснат симптомите и да ја излечат мигрената. Која е причината за мигрена? Овие мигренозни главоболки вообичаено се појавуваат кај жените и се поврзани најчесто со начинот на живеење и исхрана. Ако стомакот ви е цело време закиселен и дозволувате и понатаму да биде кисел, храната лесно ферментира и тоа всушност претставува причина за појава на главоболките. Исто така, доколку пиете многу кафе или црн чај, поготово после ручек и навечер и тоа е отежнувачки фактор. Пржена храна, црвено месо, сирење и кашкавал, исто така се главните фактори за појава на главоболката. Имате запек или често кога имате мигренозна болка добивате и запек. Исто така и алкохолот неповолно влијае на оваа состојба. Значи стомакот е едно од главните места од каде оваа патологија започнува. Како да се работи на ова? Отфрлете ги овие лоши навики ако навистина сакате да се ослободите од мигренозната главоболка. Значи, отфрлете ги кафето, црниот чај, пржената храна, црвеното месо, сирењето, кашкавалот и алкохолот. Втората работа е одржувајте постојана рутина во спиењето. Немојте да заспивате веднаш после оброкот и избегнувајте тешка храна навечер. Одете на спиење порано. Исто така, немојте да пиете вода веднаш после оброци бидејќи ги разредува дигестивните сокови/ензими и на тој начин храната не се доварува до крај и лесно ферментира.
Ѓумбирот ја лекува главоболката веднаш, бидејќи е многу добар анелгетик. Исецкајте 8 до 10 мали парченца ѓумбир /или 1 истолчена таблета/, ставите 3 до 4 пати меѓупрсти сол и ова изедете го секој пат пред да конзумирате храна. Ѓумбирот ја лекува хроничната главоболка и ако го конзумирате кога имате главоболка веднаш ќе ви помине.
Во ајурведата има многу ефикасни ајурведски билки кои во моето 15-годишно искуство како ајурведски доктор се покажале многу ефикасни и јас често им ги препишувам на моите пациенти. Една од нив е Ајамода која ја има како Ајамода арка (раствор) и се конзумира 15 капки после доручек и 15 капки после вечера. Потоа Харитаки, ја спречува ферментацијата на храната и овозможува целосно празнење на дигестивниот систем. Се зема една таблета после јадење два пати на ден. Авипатикара чурна работи на начин што го алкализира стомакот. Значи овие се три билки кои исто така ја лекуваа мигрената.
Ја препорачувам Сударшан кријата која е многу ефективна техника на дишење, со која се намалува хормонот на стрес и се започнува процесот на лекување.“
За даги дознаете вистинските тајни од овој специјалист по ајурведа кој ќе престојува кај нас потребно е да закажете термин на телефоните 070358871 или 070358455




0 Comments