Гихот е метаболична болест предизвикана од зголемени вредности на мочната киселина во крвта. Последица е на зголемената продукција или намалената елиминација на мочната киселина во организмот. Зголемена продукција има при: зголемено внесување на пурини преку храната (особено во црвеното месo), интензивно разградување на клетките при некои хематолошки болести, труење со олово како и престоја на големи височини со разреден воздух. Намалена елиминација на мочната киселина има при нарушена бубрежна функција и при хроничен алкохолизам.
Симптоми на гихтот се: отечени прсти, болка, и често чувство на реуматични болки. Исхраната е еден од најважните работи на кои треба да внимавате. Заборавете на секаков вид конзервирана храна, не јадете говедско месо, телешко и свинско месо, сирова храна, овошје и зеленчук и заборавете на белиот леб и тесто, Наместо утринско кафе пијте чај.
Еве еден предлог на ајурведски чај за ваков вид проблеми
Рецепт:
3 сушени листови од круша / во сенка /
0,2 дл вода
Штом водата ќе зоврие, тргнете го и оставете да се олади малку, пијте го во мали голтки и без никакви засладувачи, вклучувајќи мед,
Овој чај е потребно да се пие два пати на ден. отприлике околу 3 месеци. / 180 дена /
Исушете си лисја во овој период на годината.
Многу добри резултати се добива во комбинација со редовна употреба на Трифала.
Споделете корисна содржина со пријателите 🙂




0 Comments